Просечната нето-плата во август изнесувала 22.912 денари

Bez autora
Oct 20 2017

Просечната месечна исплатена нето-плата на вработен во август изнесувала 22.912 денари и е зголемена 2,8 проценти во споредба со истиот месец минатата година, според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика. Зголемувањето се должи на покачувањето на нето-платата во секторите рударство и вадење камен – 32,7 процента, во уметност, забава и рекреација – 10,9 проценти и во стручни, научни и технички дејности – 9,4 проценти. Во однос на минатиот месец, зголемување на нето-платата има во секторите рударство и вадење камен – 31,2 процент, уметност, забава и рекреација – 10,8 проценти и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – 3,5 проценти.

Просечната нето-плата во август изнесувала 22.912 денариПросечната месечна исплатена нето-плата на вработен во август изнесувала 22.912 денари и е зголемена 2,8 проценти во споредба со истиот месец минатата година, според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи на покачувањето на нето-платата во секторите рударство и вадење камен – 32,7 процента, во уметност, забава и рекреација – 10,9 проценти и во стручни, научни и технички дејности – 9,4 проценти.

Во однос на минатиот месец, зголемување на нето-платата има во секторите рударство и вадење камен – 31,2 процент, уметност, забава и рекреација – 10,8 проценти и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – 3,5 проценти.

Во август бруто-платата на вработен изнесувала 33.675 денари и е зголемена 2,7 процента.

Статистичките податоци покажуваат дека во август 1,1 процент од вработените не зеле плата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik