„Мурат Тиџарет“ потпиша договор за закуп на градежно земјиште во ТИРЗ

Bez autora
Dec 03 2017

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Александар Младеновски, и менаџерот на компанијата „Мурат Тиџарет“, Ејуп Ѓулсој, денеска во Владата потпишаа договор за закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2. Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, истакна дека потпишувањето на договорот за градежно земјиште е доказ дека Владата ќе гради добар однос со странските, но и со домашните инвеститори, и дека владината поддршката за нови инвестиции ќе биде и повисока од минатото. Мерките од планот за економски раст се транспарентни и со јасни критериуми за инвеститорите.

Турската компанија „Мурат Тиџарет“ потпиша договор за закуп на градежно земјиште во ТИРЗДиректорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Александар Младеновски, и менаџерот на компанијата „Мурат Тиџарет“, Ејуп Ѓулсој, денеска во Владата потпишаа договор за закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, истакна дека потпишувањето на договорот за градежно земјиште е доказ дека Владата ќе гради добар однос со странските, но и со домашните инвеститори, и дека владината поддршката за нови инвестиции ќе биде и повисока од минатото.

„Мерките од планот за економски раст се транспарентни и со јасни критериуми за инвеститорите. Направивме симулација на постојните договори што ги имаме склучено со компаниите во ТИРЗ и резултатите се охрабрувачки. Сите компании што работат со успех и се развиваат би биле и подобро поддржани. За таа цел Владата во новиот буџет детерминира 46 отсто повеќе средства во програмата за економски развој за поддршка на инвеститорите, а се кратат непродуктивните трошоци за реклами. Разговараме со нови 19 инвеститори, а токму толку компании моментно се активни во ТИРЗ“, потенцира Анѓушев.

Ејуп Ѓулсој, менаџерот на компанијата „Мурат Тиџарет“, појасни дека планираат во првата фаза да инвестираат 6,6 милиони евра, со кои треба да се изгради производствен капацитет од над 6.000 квадратни метри и да се вработат околу 300 лица.

Во периодот од 10 години компанијата би вработила вкупно 600 лица, а вкупното производство би се простирало на речиси 18.000 квадратни метри.

„Географската положба на Република Македонија, односно близината до ЕУ, квалификуваната работна сила, позитивниот пристап на Владата и новиот пакет на мерки за државна помош што Владата ги подготвува беа фактори што придонесоа компанијата да се одлучи да инвестира во Република Македонија“, истакна Ѓулсој.

Директорот на ДТИРЗ, Александар Младеновски, истакна дека условите за инвестирање во зоните се исти за сите компании и дека Дирекцијата е во постојани преговори со домашни и странски компании кои се заинтересирани за инвестиции.

„Дирекцијата заедно со Владата континуирано води разговори со потенцијалните инвеститори заинтересирани за Македонија со кои сме во разни фази на преговори. Во последно време, освен на странските компании, зголемен е и интересот на домашните компании за инвестирање во ТИРЗ“, истакна Младеновски.

Компанијата „Мурат Тиџарет“ во земјата ќе функционира со името Murat Wiring Systems, која во согласност со договорот во наредните 50 години ќе добие на користење земјиште со површина од 32 илјади квадратни метри по цена на користење од 0,1 евра за квадратен метар годишно.

Првата фаза на инвестицијата ќе започне во февруари 2018 година, а се очекува производствениот погон да започне со работа во декември в година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik