Швајцарскиот инвестициски фонд ФОС сака да го направи „Фени“ најголемиот производител на фероникел во Европа

Bez autora
Dec 10 2017

Од швајцарскиот инвестициски фонд, ФОС информираат дека го организирале потпишувањето на Меморандумот за разбирање со банките, како и депонирањето средства за започнување на операциите во ФЕНИ. Оваа активност планирана од страна на ФОС ја покажува сериозноста за преземање на ФЕНИ и визија за фабриката да стане најголемиот производител на фероникел во Европа. Постои план за рестартирање на Комбинатот и Фондот е подготвен да се посвети на потребните инвестиции во фабриката. Целта на ФОС овозможува здраво заживување и проширување на операциите на ФЕНИ, додека работата на вработените, како и социјалниот живот ќе бидат заштитени на долг рок, стои во соопштението на швајцарскиот фонд.

Швајцарскиот инвестициски фонд ФОС сака да го направи „Фени“ најголемиот производител на фероникел во ЕвропаОд швајцарскиот инвестициски фонд, ФОС информираат дека го организирале потпишувањето на Меморандумот за разбирање со банките, како и депонирањето средства за започнување на операциите во ФЕНИ.

„Оваа активност планирана од страна на ФОС ја покажува сериозноста за преземање на ФЕНИ и визија за фабриката да стане најголемиот производител на фероникел во Европа. Постои план за рестартирање на Комбинатот и Фондот е подготвен да се посвети на потребните инвестиции во фабриката. Целта на ФОС овозможува здраво заживување и проширување на операциите на ФЕНИ, додека работата на вработените, како и социјалниот живот ќе бидат заштитени на долг рок“, стои во соопштението на швајцарскиот инвестициски фонд.

„Имаме финансиски капацитет да инвестираме во ФЕНИ, бидејќи во овој момент само влезот на сериозни финансиски средства и инвестиции може да направи значајна разлика во работењето. Ова е сериозен бизнис и како таков бара сериозни инвестиции и оператори. Имаме план веднаш да ја рестартираме фабриката на ФЕНИ, постепено да ги прошируваме нејзините операции и да оствариме дополнителни вработувања на долг рок. Веќе го направивме бараниот депозит од страна на банките, согласно нашите обврски во Меморандумот за разбирање. Многу сме среќни што платите на вработените беа исплатени оваа недела“, изјави Маркос Камхис, основач и извршен директор на „ФОС Асет Менаџмент“.

Камхис во 2015 бил одговорен при преземањето рудник и фабрика во Доминиканска Република, што се случило во крајно неповолни услови на пазарот на никел. Во моментот кога се случило преземањето, фабриката не била функционална и биле вработени само 100 лица. Денеска бројот на вработени изнесува 1.300, од кои само 15 не се државјани на Доминиканската Република.

Од „ФОС Асет Менаџмент“ објаснуваат дека случајот со ФЕНИ, земена предвид експертизата и неодамнешните активности, ќе биде полесен, имајќи го предвид и фактот дека има слична технологија на производство, како и во случајот со фабриката во Доминиканска Република, од каде веќе имаат позитивни резултати. За ФОС, ФЕНИ е фабрика која има иднина.

„Ние ќе ги задржиме сите вработени, а на долг рок планираме и нови работни места”, рече Камхис, истакнувајќи дека нема да увезуваат менаџери за работа во фабриката, туку дека нивниот план е да ги задржат луѓето кои со години работат и имаат искуство, да бидат ставени на раководни позиции.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik