Раст на економијата за 0,2% во третиот квартал

Bez autora
Dec 10 2017

Во третиот квартал од 2017, економијата порасна за само 0.2% споредено со истиот квартал од 2016. Стагнацијата на економијата во овој квартал е ехо на политичката криза која заврши непосредно пред неговиот почеток. Но, оптимизмот кај економските агенти кој се појави со формирањето на владата во јуни 2017 година е веројатно клучен за запирање на опасноста економијата да западне во посериозна рецесија, информиаат од Finance Think, преку анализата во рамките на проектот макроекономски монитор за третиот квартал за 2017 година. Во третиот квартал, бруто инвестициите и понатаму се намалуваат, но падот е забавен.

Раст на економијата за 0,2% во третиот кварталВо третиот квартал од 2017, економијата порасна за само 0.2% споредено со истиот квартал од 2016. Стагнацијата на економијата во овој квартал е ехо на политичката криза која заврши непосредно пред неговиот почеток.

Но, оптимизмот кај економските агенти кој се појави со формирањето на владата во јуни 2017 година е веројатно клучен за запирање на опасноста економијата да западне во посериозна рецесија, информиаат од „ Finance Think“, преку анализата во рамките на проектот макроекономски монитор за третиот квартал за 2017 година.

„Во третиот квартал, бруто инвестициите и понатаму се намалуваат, но падот е забавен. Од друга страна, забавување на растот се забележува и кај извозот и увозот. Личната потрошувачка останува да биде значаен носител на растот во овој период. На производната страна, преработувачката индустрија и градежништвото забележуваат знајачни падови од 5.8% и 11.6%, соодветно. Оттука, со цел оптимизмот да се претвори во повисоки стапки на економски раст, сега е се потребни интензивни и амбициозни владини чекори за поттикнување на инвестициската активност“, информираат од Finance Think.

Паралелно на ваквите движења на економијата, стапката на невработеност покажува понатамошно намалување од 0.5 процентни поени, до 22.1%, што и понатаму главно се должи на исцрпувањето на ефектите од вработувањата во фабрките кои веќе беа воспоставени во економијата.

Оттука,Finance Think ја задржува проекцијата за растот на БДП за 2017 на 0.8%, со нагласен ризик од нејзино преценување. Според сегашните економски движења и изгледите за движењата во следниот период, растот на БДП за 2018 година се проектира на 3.1%, додават од организацијата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik