pretraga

kursna lista

BA

HR

RS

MK

EUR 118.187
USD 96.7319
CHF 98.893
GBP 134.8705
CAD 75.3407
HRK 15.9288
BAM 60.4281
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
11.01.2018.Makfax Macedonia

„Алкалоид“ пушти во употреба нови производни капацитети, инвестиција вредна над 2,5 милиони евра

„Алкалоид“ пушти во употреба нови производни капацитети, инвестиција вредна над 2,5 милиони евраСледењето на светските трендови во фармацијата и производство на ценовно достапни,  квалитетни, ефикасни и безбедни  лекови кај кои заштитниот знак на „Алкалоид АД“ е синомим за високото ниво на квалитет и сигурност, се принципите кои се цврсто втемелени во корпоративната политика на компанијата.

Доследно придржувајќи се до годишниот план за капитални вложувања за 2017 година (CAPEX), „Алкалоид АД Скопје“ успешно ги реализираше планираните инвестициски активности во нови производни капацитети во рамки на профитниот центар Фармација.

Во присуство на претставници на менаџментот на „Алкалоид АД Скопје“, компанијата официјално предаде во употреба три инвестициски проекта: Погон за производство на полуцврсти фармацевтски форми (масти, креми, гелови и вагитории); Централна вагална 2 и Одделение за пакување на цврсти фармацевтски форми.

Новите производни одделенија се простираат на површина од 1000 м2 а вредноста на оваа нова инвестиција на „Алкалоид АД Скопје“ изнесува над 2,5 милиони евра. При изведбата на сите овие проекти, имплементирани се најсовремените стандарди за Добра производна пракса (GMP).

По повод официјалното пуштање во употреба на новите инвестициски проекти, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид АД Скопје“,  Живко Мукаетов, изјави:

„Присуството на компанијата на пазарите во над 30 земји во светот и постојаното тежнеење кон отворање нови пазари и нови перспективи, налага внимателно следење на трендовите од областа на здравството и фармацијата и нивно имплементирање во секојдневното работење. За таа цел, инвестициите во нови капацитети, технологија, знаење и кадар ќе продолжат да бидат императив во нашите секојдневни операции. Хуманата програмско-производна определба насочена првенствено кон крајните корисници е начелото според кое се водиме и ќе продолжиме да се водиме во секојдневните операции, при тоа строго внимавајќи на кредибилитетот и професионалниот пристап кои ги практикуваме и спроведуваме во севкупното нашето работење“.

Погонот за производство на полуцврсти фармацевтски форми (масти, креми, гелови и вагитории) зафаќа површина од 460м2 чисти простори во кои се одвива комплетниот процес на вагање на суровините, подготовка на полупроизводи, како и дозирање и пакување  готови производи.

Вкупната вредност на овој зафат изнесува околу 1,4 милиони евра, а вредноста на инсталираните хомогенизатори со кои се обезбедува подготовка на сите типови на полуцврсти фармацевтски форми изнесува близу 400,000 евра.

Со оглед на специфичноста на процесите во овој производен сегмент, одделот за инвестиции на компанијата особено водеше грижа за подигнување на нивото на безбедност на вработените и обезбедување  висок квалитет на производите во процесот.

Централна вагална 2 е инвестиција која се простира на површина од 240 м2 и за која компанијата алоцираше 600,000 евра за опрема и капацитети. Опремата се состои од систем за вагање кој служи за контролирање, мониторирање и менаџирање на процесот на мерење на активните и помошните супстанци кои влегуваат во составот на цврстите фармацевтски форми. Како влезна точка на производниот процес, истата е интегрирана со САП/ЕРП системот на Алкалод АД Скопје.

Одделението за пакување  цврсти форми зафаќа површина од 300 m2 на кои се инсталирани две производни линии и тоа: линија за блистер пакување и линија за стрип пакување на цврсти фармацевтски форми. Вредноста на овој проект изнесува 500,000 евра.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share