Одобрени 127, 2 милони евра за железниците, патиштата и техничка помош

Bez autora
Feb 08 2018

Ревидирана и одобрена е секторската оперативна програма за транспорт 2014-2020 во рамките на ИПА 2, информираат од Министерството за транспорт и врски. Преку оваа програма обезбедени се 127,2 милиони евра, од кои 108,1 милион евра се средства од ИПА 2 програмата, а 19,1 милион евра се средства од буџетот на Република Македонија. Средствата се наменети за реализација на проекти во секторот Железници, во секторот Патишта и за техничка помош.

Одобрени 127, 2 милони евра за железниците, патиштата и техничка помошРевидирана и одобрена е секторската оперативна програма за транспорт 2014-2020 во рамките на ИПА 2, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Преку оваа програма обезбедени се 127,2 милиони евра, од кои 108,1 милион евра се средства од ИПА 2 програмата, а 19,1 милион евра се средства од буџетот на Република Македонија.

„Средствата се наменети за реализација на проекти во секторот Железници, во секторот Патишта и за техничка помош.  Во секторот Железници алоцирани се 71,5 милиони евра и истите ќе бидат искористени за изградба на дел од третата фаза на пругата кон Бугарија, делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.  Во секторот Патишта обезбедени се 48,7 милиони евра кои се наменети за изградба на втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп, делница Градско – Дреново; реконструкција на делница Куманово – Ранковце; изградба на трета лента на патен правец Градско – Прилеп, делница Плетвар; замена на заштитни огради на автопатот на Коридор 10, во должина од 100 километри“, велат од Министерството.

За техничка помош обезбедени се 7 милиони евра, кои ќе се искористат за изработка на проектни документации за изградба на велосипедски патеки во Скопје, Тетово, Штип и Охрид, замена на сигнализација на железничките премини, изградба на мултимодален јазол во Трубарево.

Од Министерството велат дека Владата е силно посветена на реализација на капиталните проекти и споведување реформи во секторот Транспорт со кои се очекува да се забрза економскиот раст на земјата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik