pretraga

kursna lista

BA

HR

RS

MK

EUR 118.4337
USD 104.0352
CHF 104.8179
GBP 131.6808
CAD 77.3217
HRK 15.9685
BAM 60.5542
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
16.05.2018.Makfax Macedonia

Формирана Асоцијација на професионалците во јавните набавки

Формирана Асоцијација на професионалците во јавните набавкиФормирана Асоцијација на професионалците во јавните набавкиФормирана е првата и единствена Асоцијација на професионалците во јавните набавки во Македонија.

Целта на Асоцијацијата е давање придонес за градење и одржување ефикасен и транспарентен систем за јавни набавки во земјата во согласност со европските директиви, насоки и упатства, како и националното законодавство од областа на јавните набавки и добрата пракса во оваа област, промовирање и развој на струката на идентитетот на струката, залагање за унапредување на професијата на јавните набавки и подобрување на знаењето на лицата вклучени во процесот на јавните набавки во земјата во согласност со националното и ЕУ-законодавството.

„Асоцијацијата на професионалците во јавните набавки во Македонија ќе се залага да обезбеди што повеќе искуства од областа на јавните набавки за своите членови и партнери; да се создаде околина на добра пракса и примена на Законот за јавните набавки и неговите подзаконски акти. Надградување на јавните набавки преку лидерство, совршеност и интегритет. Да се ​​зголемат економичноста и ефикасноста во јавните набавки и да се добие најдобра вредност за јавните расходи; да придонесе за економскиот развој на Република Македонија преку ефикасен систем на јавни набавки и градење на капацитетите; промовирање на конкуренцијата и поттикнување учество во постапките за јавни набавки. Ги покануваме во оваа Асоцијација да се вклучат сите заинтересирани страни, фирми, експерти и соработници од институциите преку поддршката и заедничката поголема промоција на јавните набавки“, велат од Асоцијацијата.

Додаваат дека користејќи ги капацитетите, логистиката и можностите на поврзување и соработка со асоцијациите од регионот, Европа и пошироко, по природата на своето основање првенствено ќе се насочат кон поврзување и соработка со слични асоцијации од земјата и странство со цел размена на искуства за давање поголема поддршка на системот за јавните набавки.

Претседател на Асоцијацијата на професионалците во јавните набавки е Борче Христов.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share