pretraga

kursna lista

BA

HR

RS

MK

EUR 118.196
USD 100.6009
CHF 104.8395
GBP 131.5628
CAD 77.7861
HRK 15.9167
BAM 60.4327
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
16.05.2018.Makfax Macedonia

Менаџери од водечки компании доаѓаат на четвртиот FMCG-самит во Скопје

Менаџери од водечки компании доаѓаат на четвртиот FMCG-самит во СкопјеМенаџери, сопственици, професионалци од секторот за трговија со стоки за широка потрошувачка ќе учествуваат на четвртиот Самит за трговија со стоки за широка потрошувачка (FMCG), што утре, 17 мај, ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје, а во организацијата на магазинот InStore.

Своите знаења пред повеќе од 300 професионалци од средниот и од топ-менаџментот на македонските FMCG-компании ќе ги споделат десет говорници од Македонија и странство.

Главен говорник на самитот ќе биде Миодраг Бороевиќ, извршен директор на рускиот синџир маркети „Океј“, кој ќе ги презентира предностите на македонските производствени компании и можностите за пласман на рускиот пазар.

Прв говорник, пак, ќе биде Енвер Малиќи, сопственик на „Гемак“, една од водечките компании во FMCG-индустријата во Македонија. Малиќи со присутните ќе ја сподели својата инспиративна бизнис-приказна.

„Магазинот InStore четврта година по ред го организира FMCG-самитот, на кој особено се гордееме затоа што претставува уникатен настан за споделување знаење и искуство, за размена на идеи и за подигнување на културата на FMCG-секторот на едно повисоко ниво“, вели Верица Мартиновска, директорка на магазинот InStore во Македонија.

На бината пред присутните ќе зборува и Џорџ Ангелакис, сениор-консултантка во Европската банка за обнова и развој, која воедно е и програмски поддржувач на Самитот. Ангелакис ќе зборува за успешни менаџмент-практики од FMCG-индустријата.

Другите говорници ќе дадат одговори на прашањата: Дали разбираме како иновациите, дигитализацијата и големите бази на податоци влијаат врз работењето? Како познавањето на трендовите да се претвори во предност на пазарот? Како да се пронајде формулата за успех на пазарот?

Повеќе детали за годинешното 4. издание на Самитот за трговија со стоки за широка потрошувачка (FMCG), за говорниците, темите, како и за програмата, се достапни на интернет -страницата на FMCG Summit 2018.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share