Нова инвестиција од 400 илјади евра во општина Илинден

Bez autora
May 17 2018

Во локалната економска зона Марино-Кадино, во присуство на голем број деловни партнери и гости, меѓу кои и градоначалникот Жика Стојановски, на свечен начин беше поставен камен-темелник на нова инвестиција во општина Илинден. Компанијата „Лаки Лазо“ почна со изградба на погон за ПВЦ-столарија и канцелариски простор на површина од 1.000 квадратни метри. Според инвеститорите, станува збор за инвестиција од речиси 400 илјади евра, која ќе овозможи отворање 15 нови слободни работни места. Локалната економска зона Марино-Кадино е на површина од 115 хектари со 50 градежни парцели на познати инвеститори, на која досега се изградени 20 стопански објекти, 15 интензивно се градат и се во завршна фаза, а за 15 градежни парцели во тек е подготовка на техничката документација за изградба на стопански објекти.

Нова инвестиција од 400 илјади евра во општина ИлинденВо локалната економска зона Марино-Кадино, во присуство на голем број деловни партнери и гости, меѓу кои и градоначалникот Жика Стојановски, на свечен начин беше поставен камен-темелник на нова инвестиција во општина Илинден.

Компанијата „Лаки Лазо“ почна со изградба на погон за ПВЦ-столарија и канцелариски простор на површина од 1.000 квадратни метри.

Според инвеститорите, станува збор за инвестиција од речиси 400 илјади евра, која ќе овозможи отворање 15 нови слободни работни места.

Локалната економска зона Марино-Кадино е на површина од 115 хектари со 50 градежни парцели на познати инвеститори, на која досега се изградени 20 стопански објекти, 15 интензивно се градат и се во завршна фаза, а за 15 градежни парцели во тек е подготовка на техничката документација за изградба на стопански објекти.

Како резултат на поволната бизнис-клима и на континуираното создавање услови за влез на нови инвестиции и проширување на постојните капацитети, продолжува инвестицискиот циклус во општина Илинден.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik