Уделот на земјоделството во БДП во првиот квартал пораснал 5,1 отсто

Bez autora
Jun 10 2018

Според официјалните податоци на Државниот завод на статистика на Република Македонија, забележан е раст од 5,1 отсто во земјоделството за првиот квартал во споредба со претходната година, соопшти Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Од таму велат дека во првиот квартал од оваа година, земјоделството шумарството и водостопанството учествуваат со 6,6 отсто во домашниот бруто-производ за разлика од истиот период во 2017 година кога овој процент изнесувал 1,5. Според Министерството, високиот раст во областа на земјоделството се должи на повисока откупна цена на земјоделските производи, зголемен извоз на земјоделско-прехранбените производи, создавањето поволни економски услови за извоз, контрола на увозот на стоки и други фактори.

Уделот на земјоделството во БДП во првиот квартал пораснал 5,1 отстоСпоред официјалните податоци на Државниот завод на статистика на Република Македонија, забележан е раст од 5,1 отсто во земјоделството за првиот квартал во споредба со претходната година, соопшти Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Од таму велат дека во првиот квартал од оваа година, земјоделството шумарството и водостопанството учествуваат со 6,6 отсто во домашниот бруто-производ за разлика од истиот период во 2017 година кога овој процент изнесувал 1,5.

Според Министерството, високиот раст во областа на земјоделството се должи на повисока откупна цена на земјоделските производи, зголемен извоз на земјоделско-прехранбените производи, создавањето поволни економски услови за извоз, контрола на увозот на стоки и други фактори.

Големо влијание, велат од таму, имаат и мерките што се преземаат во делот на субвенциите, како што е навремена исплата, зголемените субвенции за земјоделците со развоен потенцијал и мерки за поддршка на млади земјоделци.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik