Фирмите чекаат по 6 месеци за да ги добијат парите за завршената работа

Bez autora
Jun 13 2018

Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јули-декември 2017 година и приказ на клучните состојби за 2017 година. Клучни наоди од анкетирањето на 210 фирми за нивното искуство во јавните набавки спроведено во периодот февруари-март 2018 година се: најниската цена како единствен критериум за доделување договор за јавни набавки, задоцнетото плаќање и потребната обемна документација за учество на тендерите се главните проблеми во јавните набавки што ги посочуваат фирмите. Испитаните фирми чекаат просечно по 6 месеци и 21 ден за да ги добијат парите за завршената работа. Пред 2 години просекот изнесуваше 8 месеци, а лани 6 месеци.

Фирмите чекаат по 6 месеци за да ги добијат парите за завршената работаЦентарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јули-декември 2017 година и приказ на клучните состојби за 2017 година.

Клучни наоди од анкетирањето на 210 фирми за нивното искуство во јавните набавки спроведено во периодот февруари-март 2018 година се: најниската цена како единствен критериум за доделување договор за јавни набавки, задоцнетото плаќање и потребната обемна документација за учество на тендерите се главните проблеми во јавните набавки што ги посочуваат фирмите.

Испитаните фирми чекаат просечно по 6 месеци и 21 ден за да ги добијат парите за завршената работа. Пред 2 години просекот изнесуваше 8 месеци, а лани 6 месеци. 95 отсто од фирмите сметаат дека на е-аукциите се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот на набавките во однос на нивната цена. Дури 88 отсто од испитаните фирми сметаат дека има корупција во јавните набавки, но со различна оценка за нивото на нејзината присутност. Најголем дел од фирмите, односно 47 отсто, сметаат дека во јавните набавки има корупција, но ретко; 5 отсто велат секогаш, а 36 отсто често. Само 12 отсто од фирмите се изјасниле дека во јавните набавки никогаш нема корупција.

Доминантен дел од фирмите се изјаснил дека во тендерите на кои учествувале почесто или поретко сведочеле на непочитување на Законот за јавните набавки. Дури 96 отсто од испитаните фирми никогаш или ретко се жалат на тендерите на кои учествуваат главно поради високиот надоместок за трошоците во жалбената постапка и недовербата кон ДКЖЈН. Фирмите го оценуваат со 2,85 на скала од 1 (негативно) до 5 (одлично) вкупниот процес на јавните набавки. Во споредба со минатото истражување забележано е влошување на искажаното задоволство на фирмите што учествуваат на тендерите за 0,28 поени и оценката е повторно под 3.

Мониторингот на јавните набавки утврдил рекордно ниско ниво на јавните набавки во 2017 година. Вредноста на договорите за јавни набавки склучени во 2017 година изнесуваат 624 милиони евра наспроти 962 милиона евра во 2016 година. Советот за јавни набавки престана со работа на крајот на ноември 2017 година. Не постојат податоци за ефектот од нивното работење во последните пет месеци од работењето (јули-ноември 2017 година). Специјално формираната комисија во Министерството за финансии не ги достави побараните податоци.

Уделот на поништувањето на постапките од 24 отсто на годишно ниво во 2017 година е највисок во периодот од 2013 до 2017 година. Уделот на тендери на кои имало задоволително ниво на конкуренција (3 и повеќе учесници) во 2017 година е евидентиран кај само 48 отсто од мониторираните тендери. Уделот на тендери со само една понуда е на најниско ниво во изминатите 4 години и изнесува 21 процент. Во 2017 година се склучени 496 договори за јавна набавка без објавување оглас, во вкупна вредност од 29 милиони евра. Дури 12 милиони, односно 42 отсто од вкупната вредност на овие договори, им припаѓаат само на две институции – Министерството за образование и наука и АД „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ).

Во 2017 година фирмите доставиле 507 жалби до Државната комисија за жалби по јавните набавки (ДКЖЈН), што претставува намалување во однос на минатата година од 9 отсто. Повеќето од жалбите се доставуваат против донесените одлуки за избор на најповолна понуда (65 отсто) . Следната значајна основа за доставувањето жалби, со удел од 15 отсто, се однесува на донесените одлуки на договорните органи за поништување на тендерите, а 8 отсто од жалбите се однесувале на тендерските документации.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik