Косово ја зголеми царината за увоз на македонски овошје и зеленчук

Bez autora
Jul 19 2018

Косовската влада воведе времена мерка за зголемена царина од 30 отсто за одредени овошје и зеленчук од Македонија. Според македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа мерка не e во согласност со заеднички зацртаните цели, како што се брз проток на стока и отстранување на царинските бариери, дефинирани преку Берлинскиот процес. Од таму појаснуваат дека се работи за времена мерка којашто е насочена кон сите држави кои извезуваат во Косово, и ќе трае 3 месеци. Вкупниот извоз на зеленчук и овошје од Македонија во Косово во периодот од јануари до јуни изнесува над 2,5 милијарди денари.

Косово ја зголеми царината за увоз на македонски овошје и зеленчукКосовската влада воведе времена мерка за зголемена царина од 30 отсто за одредени овошје и зеленчук од Македонија.

Според македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа мерка не e во согласност со заеднички зацртаните цели, како што се брз проток на стока и отстранување на царинските бариери, дефинирани преку Берлинскиот процес.

Од таму појаснуваат дека се работи за времена мерка којашто е насочена кон сите држави кои извезуваат во Косово, и ќе трае 3 месеци. Вкупниот извоз на зеленчук и овошје од Македонија во Косово во периодот од јануари до јуни изнесува над 2,5 милијарди денари.

Дополнително, велат од МЗШВ, Косово е претседавач со ЦЕФТА оваа година каде што како три први приоритети во неговата програма како претседавач се наведени олеснувањето на трговијата со стоки, хармонизација на ЦЕФТА пазарите со ЕУ и креирање на регион без нетарифни бариери и мерки кои ја нарушуваат трговијата.

Од македонска страна сите ресорни министерства и Царинската управа работа на анализи на ефектите од мерката и наведуваат дека многу брзо ќе излезат со реакција во однос на воведената мерка, за што ќе бидат известени и членките на ЦЕФТА.

„Очекуваме Владата на Косово да ги земе предвид придобивките од почнатиот Берлински процес и низ една заедничка дискусија преку разгледување на сите анализи и факти, да дојдеме до заедничко решение, коешто ќе подразбира олеснување на трговската размена во регионот“, велат од Министерството.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik