Фич го потврди рејтингот на Македонија – ББ со позитивен изглед

Bez autora
Jul 22 2018

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Агенцијата „Фич” го потврди рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед. Континуираната кохерентност на макроекономската и финансиската политика, кои го поддржуваат стабилниот девизен курс, влијаеа на потврдата на рејтингот ББ. Позитивниот изглед го одразува постабилното политичко окружување, кое резултира со повисока економска доверба, пренасочувањето на политиките кон членство во ЕУ и подобрените меѓународни односи, нагласува Фич и во извештајот нотира дека Владата постигнала напредок во исполнувањето на заложбите од промената на власта во јуни 2017 година, вклучувајќи го и имплементирањето на итните иницијативи како дел од реформскиот „План 3-6-9“, како и прашањата на транспарентноста и независноста на јавните институции.

Фич го потврди рејтингот на Македонија – ББ со позитивен изгледМеѓународната агенција за кредитен рејтинг Агенцијата „Фич” го потврди рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед.

Континуираната кохерентност на макроекономската и финансиската политика, кои го поддржуваат стабилниот девизен курс, влијаеа на потврдата на рејтингот ББ.

„Позитивниот изглед го одразува постабилното политичко окружување, кое резултира со повисока економска доверба, пренасочувањето на политиките кон членство во ЕУ и подобрените меѓународни односи“, нагласува Фич и во извештајот нотира дека Владата постигнала напредок во исполнувањето на заложбите од промената на власта во јуни 2017 година, вклучувајќи го и имплементирањето на итните иницијативи како дел од реформскиот „План 3-6-9“, како и прашањата на транспарентноста и независноста на јавните институции.

Напредок е нотиран и кај фискалната транспарентост, чекорите за подобрување на деловниот амбиент за малите и средните претпријатија, прашањето околу името, одлуката на Советот на ЕУ за преговори за членство во јуни 2019, како и формалната покана од НАТО за зачленувањето на Македонија по решавањето на спорот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik