Започнува изградба на најголем инфраструктурен проект во овој регион последните 50 години

Bez autora
Jul 22 2018

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска го означија старот на изградбата на браната ХС Конско. Премиерот Заев во своето обраќање истакна дека започнува изградба на најголем инфраструктурен проект во овој регион последните 50 години. Изградбата на Хидросистемот „Конско“, за граѓаните на општина Гевгелија ќе значи реализирање на нивната долгогодишна потреба и желба од навремено снабдување со чиста и здрава вода за пиење, вода за наводнување која ќе дојде до нивите и плодните земјоделски површини, плантажите и фармите, но ќе биде и вода за дотур која ќе значи и спас за нашето убаво Дојранско езеро, рече Заев.

Започнува изградба на најголем инфраструктурен проект во овој регион последните 50 годиниПретседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска го означија старот на изградбата на браната ХС Конско.

Премиерот Заев во своето обраќање истакна дека започнува изградба на најголем инфраструктурен проект во овој регион последните 50 години.

„Изградбата на Хидросистемот „Конско“, за граѓаните на општина Гевгелија ќе значи реализирање на нивната долгогодишна потреба и желба од навремено снабдување со чиста и здрава вода за пиење, вода за наводнување која ќе дојде до нивите и плодните земјоделски површини, плантажите и фармите, но ќе биде и вода за дотур која ќе значи и спас за нашето убаво Дојранско езеро“, рече Заев.

Премиерот додаде дека Владата стои цврсто на определбата за реализација на крупни капитални инвестции кои ќе донесат одржлив и долгорочен бенефит за граѓаните и за развојот на економијата.

„Изградбата на овој хидросистем претставува најголем инфраструктурен зафат во овој регион изминативе 50 години кој ќе се гради со обезбедени средства од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Програмата за рурален развој и што е најважно оваа вештачка акумулација ќе има мултифункционална улога“, нагласи Заев.

Клучната агротехничка функција на ХС „Конско“ ќе биде обезбедување на чиста вода за наводнување на земјоделските површини со што ќе се создадат неопхопдните услови за развој на конкурентно земјоделство, зголемување на производството на храна и на регионалниот економски развој.

Освен за наводнување, водите од акумулацијата “Конско” и протечните води ќе се користат и за производство на електрична енергија.

Дополнително, ова вештачко езеро ќе претставува нова содржина во локалната туристичка понуда на Гевгелија и ќе создаде услови за развој на риболовот, туризмот, спортот и рекреацијата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik