АДСДП: Градиме согласно годишната програма на Владата

Bez autora
Aug 05 2018

Во врска со реакциите во јавноста во однос на евентуална изградба на 60- катници на просторот кај хотелот Холидеј ин, од АДСДП велат дека градат согласно годишната програма за изградба, продажба и одржување на станбен простор во сопственост на РМ која е е донесена од Владата и е изготвена врз основа на деталните убанистички планови. Оваа програма АДСДП ја изготвува и ја доставува како предлог до Министерството за транспорт и врски, а Владата ја одобрува. Напоменуваме дека годишната програма се носи врз основа на деталните урбанистички планови кои ги изготвуваат единиците на локалната самоуправа, односно општините, и тоа согласно потребите за комерцијални и социјални станови како и деловни објекти.

АДСДП: Градиме согласно годишната програма на ВладатаВо врска со реакциите во јавноста во однос на евентуална изградба на 60- катници на просторот кај хотелот Холидеј ин, од АДСДП велат дека градат согласно годишната програма за изградба, продажба и одржување на станбен простор во сопственост на РМ која е е донесена од Владата и е изготвена врз основа на деталните убанистички планови.

Оваа програма АДСДП ја изготвува и ја доставува како предлог до Министерството за транспорт и врски, а Владата ја одобрува.

Напоменуваме дека годишната програма се носи врз основа на деталните урбанистички планови кои ги изготвуваат единиците на локалната самоуправа, односно општините, и тоа согласно потребите за комерцијални и социјални станови како и деловни објекти.

Токму општините одлучуваат за намената на локациите и за површината на градбите. АДСДП секогаш до сега, и во иднина ќе продолжи да ги почитува законските прописи на важечките урбанистички планови.

Во интервју за МИА, Генералниот Директор Кристијан Трајковски посочи дека локацијата е идеална за изградба на современ бизнис центар, но конечната одлука треба да ја донесат надлежните институции, секако имајќи предвид дека конечниот глас ќе го имаат граѓаните.

АДСДП останува и натаму на својата основна задача, а а таа е обезбедување развој на економски план како за државата, така и за нашето АДСДП што во пракса значи привлекување на домашни и странски инвестиции“ се наведува во соопштението.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik