Поништена постапката за финансиска помош за авиопревозници

Bez autora
Aug 06 2018

Министерството за транспорт и врски соопшти дека ја поништило постапката за доделување финансиска поддршка на авиопревозници, по предлог на Комисијата за спроведување на постапката, oткако била доставена само една понуда со некомплетна документација. На јавното отворање во Министерстото за транспорт и врски беше доставена само една понуда. На јавното отворање Комисијата констатирала дека доставеното барање за доделување финансиска поддршка не е доставено согласно со точка 2. 1 од Документацијата за барање, односно на трите запечатени внатрешни пликоа не е наведен полниот назив и адреса на авиопревозникот, што е еден од условите пропишани во документацијата за барање, соопшти Министерството и додаде дека врз основа на ова Комисијата констатирала дека не постојат услови за понатамошна евалуација на пристигнатото барање за финансиска поддршка.

Поништена постапката за финансиска помош за авиопревознициМинистерството за транспорт и врски соопшти дека ја поништило постапката за доделување финансиска поддршка на авиопревозници, по предлог на Комисијата за спроведување на постапката, oткако била доставена само една понуда со некомплетна документација.

„На јавното отворање што се оддржи на 27. 07. 2018 година во Министерстото за транспорт и врски беше доставена само една понуда. На јавното отворање Комисијата констатирала дека доставеното барање за доделување финансиска поддршка не е доставено согласно со точка 2. 1 од Документацијата за барање, односно на трите запечатени внатрешни пликоа не е наведен полниот назив и адреса на авиопревозникот, што е еден од условите пропишани во документацијата за барање“, соопшти Министерството и додаде дека врз основа на ова Комисијата констатирала дека не постојат услови за понатамошна евалуација на пристигнатото барање за финансиска поддршка.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека во најкраток рок повторно ќе го објават јавниот повик за доделување  финансиска поддршка на авиопревозници со цел да се овозможи развој на авиосообраќајот во Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik