Над 4 илјади хектари државно земјиште ќе биде доделено под закуп на земјоделците

Bez autora
Aug 12 2018

Над 4 380 хектари државно земјоделско земјиште ќе бидат доделени на земјоделците преку четери активни јавни огласи за давање на државно земјоделско земјиште под закуп, информираа денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како што рече портпаролката, Соња Трпчевска-Јанковска, овој месец и на почетокот на следниот месец завршуваат роковите за поднесување на понуди за овие 4 јавни огласи. На прес-конференцијата беше соопштено и дека во тек е постапка на изготвување на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште.

Над 4 илјади хектари државно земјиште ќе биде доделено под закуп на земјоделцитеНад 4 380 хектари државно земјоделско земјиште ќе бидат доделени на земјоделците преку четери активни јавни огласи за давање на државно земјоделско земјиште под закуп, информираа денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Како што рече портпаролката, Соња Трпчевска-Јанковска, овој месец и на почетокот на следниот месец завршуваат роковите за поднесување на понуди за овие 4 јавни огласи.

На прес-конференцијата беше соопштено и дека во тек е постапка на изготвување на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште.

Со Предлог законот ќе подобрат веќе постоечките законски решенија, но и ќе се воведат нови решенија кои ќе бидат во функција на рационално користење на земјиштето, негова заштита и правна сигурност на сопствениците и корисниците.

Паралелно се работи и на спороведување на проектот кој министерството го спроведува во соработка со ФАО за косолидација на земјоделското земјиште, така што со окрупнувањето на парцелите, ќе се создаде поевтино и поконкурентно производство.

„Зголемувањето на обработливите земјоделски површини преку неселективна распределба на државното земјодрелско земјиште под закуп, е една од стратешките цели на Министрстсвото за земјоделство, шумарство и воводостопанство. Крајната цел е вистинска и неселективна распределба на државното земјоделското земјиште, што ќе значи зголемени обработливи површини и зголемено производство на квалитетни, конкурентни и безбедни земјоделски производи“, истакна портпаролката Трпчевска-Јанковска.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik