„Елсеведи електрик“ заинтересирана за инвестирање во енергетскиот сектор во Македонија

Bez autora
Aug 16 2018

Претседателот на Владата, Зоран Заев, остварил средба со менаџментот на компанијата „Елсеведи електрик“, предводен од основачот и сопственик, инженер Ахмед ел Севеди. На средбата како што информираат од Владата, се разговарало за можностите за инвестирање во земјата. Менаџментот на компанијата, додаваат од Владата, покажал особен интерес за можностите за инвестирање во Македонија, особено во областите каде што фирмата е лидер на пазарот, и тоа за обезбедување целосни и интегрирани енергетски решенија во разни сектори, како што се: спроводници и кабли, трансформатори, управување со енергијата, електрични производи и производство на енергија од ветар и сончева енергија.

„Елсеведи електрик“ заинтересирана за инвестирање во енергетскиот сектор во МакедонијаПретседателот на Владата, Зоран Заев, остварил средба со менаџментот на компанијата „Елсеведи електрик“, предводен од основачот и сопственик, инженер Ахмед ел Севеди.

На средбата како што информираат од Владата, се разговарало за можностите за инвестирање во земјата.

Менаџментот на компанијата, додаваат од Владата, покажал особен интерес за можностите за инвестирање во Македонија, особено во областите каде што фирмата е лидер на пазарот, и тоа за обезбедување целосни и интегрирани енергетски решенија во разни сектори, како што се: спроводници и кабли, трансформатори, управување со енергијата, електрични производи и производство на енергија од ветар и сончева енергија.

На средбата, покрај делегација на мултинационалната компанија, присуствувал и Франц Кухар, член на менаџментот на словенечката компанија „Искраемеко“, која е дел од групацијата „Елсеведи“.

Премиерот Зоран Заев на средбата ги информирал соговорниците за новиот Закон за енергетиката во кој се содржани ЕУ-директивите и регулативите на третиот енергетски пакет, како и дека Македонија е на прво место во регионот во однос на напредокот во исполнување на енергетските реформи.

Од Владата додаваат дека на средбата се разговарало и за отворените можности за инвестирање во железничкиот сообраќај, енергетската инфраструктура, хидроенергетскиот систем и секторот за природен гас.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik