„Ибис стајлс“ Скопје ја слави својата прва годишнина

Bez autora
Sep 20 2018

„Ибис стајлс“, светски познатиот и признат бренд на „Акор хотелс“, групација која е светски лидер за патување и стил на живеење, ја одбележа првата годишнина од своето постоење во главниот град на Македонија, преку хотелот „Ибис стајлс“ Скопје. На свечениот настан присуствуваше Жил Клавие, претседател на Одборот на директори и извршен директор на „Орбис/Акор хотели“ за Источна Европа, и Кристина Камчева- Стојческа, една од сопствениците на хотелот во Македонија. Камчева-Стојческа пред присутните напомена дека за кратко време, со начинот на работење, со својот модерен изглед, со отворениот пристап кон гостите, со комплетните хотелиерски услуги прилагодени на новото дигитално време, „Ибис стајлс“ Скопје се наметна како еден од најдобрите хотели во нашиот главен град.

„Ибис стајлс“ Скопје ја слави својата прва годишнина„Ибис стајлс (Ibis Styles)“, светски познатиот и признат бренд на „Акор хотелс (AccorHotels)“, групација која е светски лидер за патување и стил на живеење, ја одбележа првата годишнина од своето постоење во главниот град на Македонија, преку хотелот „Ибис стајлс“ Скопје.

На свечениот настан присуствуваше Жил Клавие, претседател на Одборот на директори и извршен директор на „Орбис/Акор хотели“ за Источна Европа, и Кристина Камчева- Стојческа, една од сопствениците на хотелот во Македонија.

Камчева-Стојческа пред присутните напомена дека за кратко време, со начинот на работење, со својот модерен изглед, со отворениот пристап кон гостите, со комплетните хотелиерски услуги прилагодени на новото дигитално време, „Ибис стајлс“ Скопје се наметна како еден од најдобрите хотели во нашиот главен град.

Се осврна и на евидентното задоволство на гостите од престојот кое се потврдува и преку позитивните критики на релевантните меѓународни веб-платформи, како и искуството на комфор, услужност и дизајн понудени по најдобра цена, кои позитивно влијаат на резултатот и на добриот имиџ на семејството хотели „Ибис“ во целина.

Претседателот и извршниот директор на групацијата „Орбис/Акор хотели“ за Источна Европа, Жил Клавие, ги поздрави присутните и изјави:„Групацијата на хотели ‘Орбис’, која е стратешки партнер на хотели ‘Акор’ и единствен издавач на лиценци за сите брендови во Источна Европа, е водечкиот хотелски оператор во регионот преку своите 128 хотели. Со цел да ја зацврстиме нашата водечка позиција, ја прошируваме нашата мрежа на хотели во рамките на брендот хотели ‘Акор’.

Во насока на нашата развојна политика и стратегија, постанавме лидер на македонскиот пазар во последните три години. Со задоволство присуствувам на прославата на ‘Ибис стајлс’ во Скопје, кој минатата година беше официјално претставен на пазарот во партнерство со ‘Орка холдинг ‘како сопственик и инвеститор.

Со иновативното и ново искуство за гостите, нудејќи неповторлив хотелски наратив и дизајн, со срдечна услужливост и пречек, ‘Ибис стајлс’ ќе придонесе кон зајакнување на меѓународниот имиџ на градот“.

Хотелот е дел од групацијата хотели „Акор“, која е светски лидер за патување и стил на живеење во повеќе од 100 држави ширум светот, со повеќе од 4 500 хотели и 650 000 хотелски соби. Присуството на брендот „Ибис стајлс“ ја става Република Македонија на светската мапа на туристички центри, што директно придонесува кон зајакнување на туризмот во земјата.

„Ибис стајлс“ Скопје располага со 47 модерни и комфорни соби кои на гостите им овозможуваат удобен престој. Секоја соба го носи името на различен град од светот и ја проткајува приказната за имагинарен пат околу светот. Хотелот е категоризиран како хотел со 4* и, меѓу другото, располага и со соба за лица со посебни потреби. Располага и со семејни соби, детско катче, бар, бесплатен интернет и согласен е и за прием на гости со миленичиња.

„Ибис стајлс“ Скопје е далеку од градскиот метеж, но, сепак, многу близу до централното градско подрачје. Се наоѓа во населбата Тафталиџе, близу до повеќе значајни комерцијални објекти во урбано, но мирно градско подрачје.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik