Македонија и Албанија потпишаа меморандум за пренос на природен гас

Bez autora
Sep 23 2018

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска во Тирана оствари средба со албанскиот министер за енергетика, Дамјан Ѓикнури, со кого заеднички присуствуваа на церемонијата на потпишување на меморандумот за разбирање помеѓу Македонски енергетски ресурси и АЛБГАЗ од Тирана. Како што наведуваат од министерството за еконимија, овој меморандум има за цел воспоставување и развивање деловна соработка за развој на преносните мрежи на природен гас во двете земји, преку изградба на интерконективен вод, во насока на ефикасна испорака на овој природен енергенс. Како земји соседи, со традиционални пријателски односи и развиена економска соработка, активно работиме на обезбедување поблиска интеграција на енергетските пазари на ЕУ и Енергетската заедница и зајакнување на безбедноста на снабдувањето со енергенси на регионот.

Македонија и Албанија потпишаа меморандум за пренос на природен гасМинистерот за економија, Крешник Бектеши, денеска во Тирана оствари средба со албанскиот министер за енергетика, Дамјан Ѓикнури, со кого заеднички присуствуваа на церемонијата на потпишување на меморандумот за разбирање помеѓу Македонски енергетски ресурси (МЕР) и АЛБГАЗ од Тирана.

Како што наведуваат од министерството за еконимија, овој меморандум има за цел воспоставување и развивање  деловна соработка за развој на преносните мрежи на природен гас во двете земји, преку изградба на интерконективен вод, во насока на ефикасна испорака на овој природен енергенс.

„Како земји соседи, со традиционални пријателски односи и развиена економска соработка, активно работиме на обезбедување поблиска интеграција на енергетските пазари на ЕУ и Енергетската заедница и зајакнување на безбедноста на снабдувањето со енергенси на регионот. Денешниот меморандум е чекор напред за развој на билатерално стратешко партнерство во секторот за природен гас, како продолжение на веќе потпишаниот меморандум за соработка во областа на енергетиката, меѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика на Република Албанија“, истакна Бектеши.

Според министерот за економија, Македонија и Албанија како две соседни земји кои сакаат да се интегрираат во европските структури, се повеќе од заинтересирани во најкус можен рок да се конкретизираат почнатите проекти, што ќе придонесе до уште позајакната енергетска и економска соработка.

„Потпишувањето на овој меморандум за соработка во сферата на гасификацијата, како дел од енергетиката, е добра основа од која ќе имаат корист двете земји. Таквите проекти кои го развиваат енергетскиот пазар треба да се гледаат со голем интерес бидејќи како соседни земји имаме многу обврски кон енергетската заедница“, посочи албанскиот министер за енергетика, Дамјан Ѓикнури.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik