Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на општина Ранковце, Ивица Тошевски денеска извршија увид во изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. Сугарески рече дека овој пат почна да се гради во јуни оваа година и согласно договорот треба да заврши во рок од 3 години. Градежните работи се во тек. Очекувам во наредниот период да се зголеми динамиката на работа и овој експресен пат да биде завршен во рамките на договорот. Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка како дел од доизградбата на Коридор 8 е од особена економска важност за Република Македонија. Со него овозможуваме брза врска на Пан-Европскиот Коридор 8 кој нè поврзува со Бугарија, а со тоа отвораме можност за подобрување на економските врски со Европската Унија.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на општина Ранковце, Ивица Тошевски денеска извршија увид во изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. Сугарески рече дека овој пат почна да се гради во јуни оваа година и согласно договорот треба да заврши во рок од 3 години.
„Градежните работи се во тек. Очекувам во наредниот период да се зголеми динамиката на работа и овој експресен пат да биде завршен во рамките на договорот. Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка како дел од доизградбата на Коридор 8 е од особена економска важност за Република Македонија. Со него овозможуваме брза врска на Пан-Европскиот Коридор 8 кој нè поврзува со Бугарија, а со тоа отвораме можност за подобрување на економските врски со Европската Унија. Покрај регионално поврзување, со комплетирање на Коридор 8 и создавање на модерна патна мрежа ќе придонесеме за брз и безбеден транспорт на стоки и услуги и ќе им овозможиме на домашните компании полесно да се пробијат на нови пазари“, рече Сугарески.
Во таа насока, додаде тој, го потпишавме и договорот со ЕБОР за реконструкција и проширување на патот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, со што создаваме комплетно нова патна делница на овој Коридор од значење не само за нашата земја, туку и за целиот регион.
Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка е со вкупна должина од 25 километри и вкупната вредност на инвестицијата изнесува 58, 5 милиони евра.