Државата во вторник ќе позјами 53,6 милиони евра – со 38 милиони ќе врати стари долгови

Bez autora
Oct 14 2018

Министерството за финансии во вторник на 16 октомври закажа аукции на државни хартии од вредност со кои планира да позјами нови 3,3 милијарди денари или приближно 53,6 милиони евра. Според проспектите за задолжување на Министерството, државата ќе позјами пари со 12 месечни записи, 2 годишна и 3 годишна обврзница, како и една 30 годишна обврзница. Со дел од позајмените пари, односно со 38 милиони евра ќе се вратат стари долгови од претходната власт кои доспеваат на 17 и 20 октомври.

Државата во вторник ќе позјами 53,6 милиони евра – со 38 милиони ќе врати стари долговиМинистерството за финансии во вторник на 16 октомври закажа аукции на државни хартии од вредност со кои планира да позјами нови 3,3 милијарди денари или приближно 53,6 милиони евра.

Според проспектите за задолжување на Министерството, државата ќе позјами пари со 12 месечни записи, 2 годишна и 3 годишна обврзница, како и една 30 годишна обврзница. Со дел од позајмените пари, односно со 38 милиони евра ќе се вратат стари долгови од претходната власт кои доспеваат на 17 и 20 октомври.

Парите од 30 годишната обврзница со евро клаузула, кои државата треба да ги позјами, треба да ги враќа 30 години односно до 2048 година со камата од 4,5%. Износот на државни хартии од вредност, пак, што достасува за исплата во октомври годинава изнесува вкупно 7.416.390.000 денари.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на денешната прес-конференција на прашање на „Макфакс“ не одговори прецизно за што ќе се троши разликата од приближно 15 милиони евра, но увери дека кредиторите имаат доверба во македонската Влада и затоа решиле да објават 30 годишна обврзница.

„Мене ми е драго што Македонија за првпат од оваа годна започна да издава 30 годишни обврзнии. Тоа значи дека постојат инвеститори. Досега најдолгата рочност на обврзниците беше 15 години. Тоа значи дека некој во 2048 година денеска вложува пари во македонска обврзница и верува дека тие пари ќе му бидат исплатени и дека економијата ќе оди како што треба“, рече Тевдовски и додаде дека успеале значително да ги намалат каматите.

„Огромен дел од овие обврски што доспеваат не се направени од оваа Влада, туку се наталожени од претходната Влада во периодот од 2008-2016“, рече првиот финансиер. Тој потенцира дека во претходниот период државата ќе треба да плаќа уште поголеми долгови кои доспеваат за плаќање.

Во календарот на задолжувања до крајот на годината пишува дека државата ќе се задолжи дома уште 4 пати. Светска банка неодмна апелира државата да го забави јавниот долг, бијдеќи според нивните проекции, до крајот на годинава ќе го достигне психолошкиот праг од 50% од БДП.

Последните податоци на Народната банка покажаа дека вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8% од БДП, што е зголемување за 0,6%  во однос на претходниот квартал.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik