Министерството за финансии најавува завршување на пругата Битола-Кременица до крајот на годинава

Bez autora
Oct 21 2018

Градежните работи на пругата Битола-Кременица се очекува да завршат до крајот на годинава, согласно податоците на изведувачот, информира Министерството за финансии. Досега 90 проценти од градежните работи се завршени. Пругата е со должина од 17 километри, во рамки на кои се веќе изградени: 9 мостови, 38 пропусти, 30 премини за животни, нова станична зграда и нова зграда за сигнализација и телекомуникации во областа Жабени. Поставени се нови шини и прагови во должина од 18 километри, како и нов оптички кабел во иста должина“, информира Министерството. Оттаму наведуваат дека до крајот на годината изведувачот ќе работи со машиниско регулирање на нивото на колосекот на проектираната висина, на 8 патни премини, на зградата на магацинот во Жабени и на поставување на опремата за сигнализација и телекомуникации.

Министерството за финансии најавува завршување на пругата Битола-Кременица до крајот на годинаваГрадежните работи на пругата Битола-Кременица се очекува да завршат до крајот на годинава, согласно податоците на изведувачот, информира Министерството за финансии.

Досега 90 проценти од градежните работи се завршени. Пругата е со должина од 17 километри, во рамки на кои се веќе изградени: 9 мостови, 38 пропусти, 30 премини за животни, нова станична зграда и нова зграда за сигнализација и телекомуникации во областа Жабени. Поставени се нови шини и прагови во должина од 18 километри, како и нов оптички кабел во иста должина, информира Министерството.

Оттаму наведуваат дека до крајот на годината изведувачот ќе работи со машиниско регулирање на нивото на колосекот на проектираната висина, на 8 патни премини, на зградата на магацинот во Жабени и на поставување на опремата за сигнализација и телекомуникации.

Градежните работи на пругата од Битола до Кременица, започнаа во февруари 2018 година. Изведувач на проектот е STRABAG Rail Gmbh во конзорциум со STRABAG AG од Австрија. Вредноста на потпишаниот договор изнесува 17.1 милиони евра.

Договорот со претходниот изведувач од Бугарија беше прекинат во 2016 година поради, како што беше посочено, слаба реализација на проектот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik