Владата ќе бара решение за стечајците од „Охис“

Bez autora
Nov 27 2018

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска прими делегација на иницијативниот одбор на поранешни вработени во АД „Охис Скопје“ во стечај, соопшти владината прес-служба. Претставниците на „Охис“ изразиле очекување дека во рамките на законските надлежности на Владата, ќе бидат решавани некои нивни барања поврзани со стечајната постапка. Нивните очекувања главно се однесуваат за исплата на побарувања од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и за затворање на придонесите од плата за периодот од јуни 2012 година до октомври 2013 година, како и во списокот за обесштетувања од стечајната маса на АД „Охис“ да бидат вклучени и вработените од фабриката „Малон“ АД Охис.

Владата ќе бара решение за стечајците од „Охис“Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска прими делегација на иницијативниот одбор на поранешни вработени во АД „Охис Скопје“ во стечај, соопшти владината прес-служба.

Претставниците на „Охис“ изразиле очекување дека во рамките на законските надлежности на Владата, ќе бидат решавани некои нивни барања поврзани со стечајната постапка.

Нивните очекувања главно се однесуваат за исплата на побарувања од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и за затворање на придонесите од плата за периодот од јуни 2012 година до октомври 2013 година, како и во списокот за обесштетувања од стечајната маса на АД „Охис“ да бидат вклучени и вработените од фабриката „Малон“ АД Охис.

Заев на средбата истакнал дека, иако стечајната постапка на АД „Охис Скопје“ е завршена и спроведена од судските органи во процес во кој Владата нема ингеренции, тој ќе го задолжи министерот без ресор, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ, да ја продолжи понатамошната комуникација со поранешните вработени во „Охис“.

Владата соопшти дека Шапуриќ ќе треба да оствари средби со надлежни институции, како и со стечајниот управник Маринко Саздовски, за да се најде одржлив одговор на барањата на иницијативниот одбор на поранешните вработени во компанијата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik