Стечајниот управник на „Фени“ понесе тужба против „Кунико рисорсис“

Bez autora
Dec 02 2018

Стечајниот управник на „Фени“, Мирослав Анастасиевски, поднесе тужба против „Кунико ресорсис“ од Холандија, „Кунико маркетинг ФЗЕ“ од Обединетите Арапски Емирати и против Јусуф Миракхмедов и Маниш Агарвал, одговорни лица во комбинатот до отворањето на стечајот. Во тужбата е наведено дека одговорните лица нанеле штета во износ од 51.000.000 американски долари и со тоа придонеле компанијата да оди во стечај. Истовремено, стечајниот управник поднел и кривична пријава при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против Јусуф Миракхмедов, Маниш Агарвал и Бранко Колев, сите носители на функции во „Фени“, пред да отиде во стечај, и против „Кунико маркетинг ФЗЕ“, под сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена должност и овластување, злосторничко здружување и фалсификување исправа“.

Стечајниот управник на „Фени“ понесе тужба против „Кунико рисорсис“Стечајниот управник на „Фени“, Мирослав Анастасиевски, поднесе тужба против „Кунико ресорсис“ од Холандија, „Кунико маркетинг ФЗЕ“ од Обединетите Арапски Емирати и против Јусуф Миракхмедов и Маниш Агарвал, одговорни лица во комбинатот до отворањето на стечајот.

Во тужбата е наведено дека одговорните лица нанеле штета во износ од 51.000.000 американски долари и со тоа придонеле компанијата да оди во стечај.

Истовремено, стечајниот управник поднел и кривична пријава при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против Јусуф Миракхмедов, Маниш Агарвал и Бранко Колев, сите носители на функции во „Фени“, пред да отиде во стечај, и против „Кунико маркетинг ФЗЕ“, под сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена должност и овластување, злосторничко здружување и фалсификување исправа“.

Стечајниот управник по извршените контроли и врз основа на извештаите од Управата за јавни приходи открил докази дека тужените правни и физички лица во 2016 година извршиле незаконски дејствија со кои го оштетиле комбинатот за 51 милион американски долари.

Тужбите од стечајниот управник се поднесени вчера.

Против претходното раководство на „Фени“ кривични пријави лани поднесе и Управата за финансиска полиција.

Денес судот во Велес повторно ќе одлучува за планот за реорганизација на „Фени“, откако Апелацискиот суд одлучувајќи по жалба од дел од доверителите го врати на повторно разгледување.

Од „Фени“ објаснија дека планот е вратен на повторно одлучување поради административни забелешки, за кои веднаш по одлуката на Апелација тие доставиле известувања.

Вработените во комбинатот вчера преку јавно обраќање побараа да престанат опструкциите за завршување на стечајната постапка оти затворениот стечај за нив ќе значи поголеми плати и договори за вработување на неопределено време наспроти сегашните месечни договори.

Бугарскиот „Минстрој холдинг“, „Кунико рисосрис“ и „Транспаресни интернешнал – Македонија“ се против стечајот на „Фени“за кој сметаат дека се води во незаконска постапка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik