Владата се задолжи со нови 21,1 милион евра

Bez autora
Dec 06 2018

Вчера, неспособната власт предводена од Заев, Тевдовски и Анѓушев ги задолжи граѓаните со 21,1 милион евра преку аукција на државни хартии од вредност. Од тие пари, околу половина се нов нето-долг на државата, обвини Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно економската политика на Владата се сведе само на задолжување бидејќи ништо друго не работат. Нивото на реализација на капиталните инвестиции за 2018 е бедно, односно 40 отсто, а се наоѓаме пред крајот на буџетската година. Ниту се градат патишта, ниту болници, ниту училишта, детски градинки, водоводи, канализации. Јавноста со право се прашува каде завршуваат парите од буџетот и кредитите со кои нè товари оваа власт?, прашува таа.

Владата се задолжи со нови 21,1 милион евраВчера, неспособната власт предводена од Заев, Тевдовски и Анѓушев ги задолжи граѓаните со 21,1 милион евра преку аукција на државни хартии од вредност. Од тие пари, околу половина се нов нето-долг на државата, обвини Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно економската политика на Владата се сведе само на задолжување бидејќи ништо друго не работат. Нивото на реализација на капиталните инвестиции за 2018 е бедно, односно 40 отсто, а се наоѓаме пред крајот на буџетската година. Ниту се градат патишта, ниту болници, ниту училишта, детски градинки, водоводи, канализации. Јавноста со право се прашува каде завршуваат парите од буџетот и кредитите со кои нè товари оваа власт?“, прашува таа.

Јавниот долг на државата, додаде таа, галопирачки расте и тоа го посочуваат и меѓународните финансиски институции.

„Надминати се сите психолошки бариери на долгови. Едноставно кажано, оваа власт ги донесе до работ на бездната стопанството и целата економија, а со бесцелното задолжување го прави и последниот чекор. Оваа однародена власт по принципот ситиот гладниот не го верува, наместо за потребите на граѓаните, се посвети на личното богатење на функционерите и нивните семејни бизниси.

Ветуваа живот, а донесоа преживување на кредит. Ѝ замачкуваат очи на јавноста со статистички гимнастики, манипулативни прес-конференции и ветувања од типот само што не ни тргнало, а веќе се на половина од својот мандат“, рече Кузмановска.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik