Две компании во конкуренција за универзален снабдувач за електрична енергија

Bez autora
Dec 16 2018

Комисијата за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач, со која претседава академикот проф д-р Глигор Каневче, денес, по истекот на рокот за поднесување апликации на јавниот повик, веднаш по 15 часот, изврши јавно отворање на доставените понуди во согласност со тендерската документација. Комисијата констатира дека има доставено две понуди, првата од група на понудувачи составена од „ЕВН Македонија“ АД Скопје и „ЕВН електроснабдување“ и втората понуда од „ЕЛЕМ трејд“ ДООЕЛ, при што е утврдено дека двете понуди се доставени во согласност со тендерската документација и го исполнија првичниот услов да бидат отворени. Во согласност со тендерската документација беа прочитани следните елементи на понудите, понудена бруто-маржа и доставена банкарска гаранција.

Две компании во конкуренција за универзален снабдувач за електрична енергијаКомисијата за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач, со која претседава академикот проф д-р Глигор Каневче, денес, по истекот на рокот за поднесување апликации на јавниот повик, веднаш по 15 часот, изврши јавно отворање на доставените понуди во согласност со тендерската документација.

Комисијата констатира дека има доставено две понуди, првата од група на понудувачи составена од „ЕВН Македонија“ АД Скопје и „ЕВН електроснабдување“ и втората понуда од „ЕЛЕМ трејд“ ДООЕЛ, при што е утврдено дека двете понуди се доставени во согласност со тендерската документација и го исполнија првичниот услов да бидат отворени.

Во согласност со тендерската документација беа прочитани следните елементи на понудите, понудена бруто-маржа и доставена банкарска гаранција.

По отварањето на двете понуди, претседателот на Комисијата констатира дека и во двете понуди е доставена валидна оригинална банкарска гаранција, а понудената бруто-маржа наведена во понуда доставена од група понудувачи, составена од „ЕВН Македонија“ АД Скопје и „ЕВН електроснабдување“, е 14,4 отсто, додека понудената бруто-маржа наведена во понудата на „ЕЛЕМ трејд“ ДООЕЛ е 14,9 отсто.

Претседателот на Комисијата објасни дека сега следува фаза на евалуација на понудите, односно процена на нивната економско-финансиска способност, како и на техничката способност во согласност со критериумите наведени во тендерската документација.

По завршување на евалуацијата, процес што максимално може да трае до 86 дена доколку компаниите ги исполнуваат условите, ќе бидат поканети да учествуваат на електронска аукција по принцип на негативно наддавање на понудената маржа, а почетна маржа ќе биде пониско понудената маржа од двете понуди.

Понудувачот што на електронската аукција ќе понуди најниска маржа, ќе биде избран за најповолен и ќе биде поканет да го потпише договорот за универзален снабдувач со електрична енергија.

Комисијата изјави дека посветено ќе се работи пред крајниот рок да биде завршена евалуацијата и да се заокружи процесот на избор на универзален снабдувач.

Овластените претставници на компаниите што аплицирале на јавниот повик немаа забелешки на постапката.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik