pretraga

kursna lista

BA

HR

RS

MK

EUR 117.912
USD 103.6316
CHF 105.9788
GBP 132.0995
CAD 78.5399
HRK 15.9078
BAM 60.2874
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
09.01.2019.Makfax Macedonia

Засилени контроли во приватните фирми за исплатата на К-15

Засилени контроли во приватните фирми за исплатата на К-15Државниот инспекторат за труд прави засилени контроли во приватните фирми за исплата на К-15 на вработените, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Надзорот што почна од почетокот на годината ќе се спроведува до крајот на февруари, а инспекторите ги посетуваат правните субјекти од сите дејности, вклучувајќи ги и фабриките за производство на текстил и чевли.

„Засилениот инспекциски надзор во областа на производство на текстил и чевли е од причини што најголем број  преtставки во изминатите години беа од работниците во наведените дејности. Напоменуваме дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно so законот и колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно со закон“, велат од МТСП.

Од Министерството додаваат дека при инспекцискиот надзор ќе се проверува исплатата на регресот за годишен одмор (К-15), право коешто е утврдено со спогодба за изменување и дополнување на општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Во спогодбата е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Истовремено МТСП ги повикува работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот инспекторат за труд 15 131.

На вчерашната владина седница Владата го задолжи Државниот инспекторат за труд да изготви детална информација во однос на тоа како се спровела исплатата на регресот за годишен одмор.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share