pretraga

kursna lista

BA

HR

RS

MK

EUR 117.912
USD 103.6316
CHF 105.9788
GBP 132.0995
CAD 78.5399
HRK 15.9078
BAM 60.2874
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
10.01.2019.Makfax Macedonia

Доделен првиот сертификат за овластен економски оператор на „Европа“ АД Скопје

Доделен првиот сертификат за овластен економски оператор на „Европа“ АД СкопјеВо Владата на Република Македонија денеска се одржа промоција на концептот овластен економски оператор на кој претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и директорот на Царинска управа на Република Македонија, Ѓоко Танасоски, го доделија првиот сертификат за овластен економски оператор на реномираната домашна компанија „Европ“а АД Скопје.

„Овластениот економски оператор претставува нов концепт и модернизација на царинското и надворешно-трговското работење кој произлегува како реформа од Берлинскиот процес и Протоколот 5 од ЦЕФТА и вклучување на македонските компании во регионалните и глобални синџири на снабдување. Со овие интеграциски процеси доаѓа до силно јакнење на регионалната економија, токму преку концепти како што се овластениот економски оператор, заеднички царински и гранични контроли, заеднички профили за анализа на ризик и размена на информации. Поседувањето сертификат за овластен економски оператор за компаниите ќе значи дека ги исполнуваат економските и безбедносните стандарди за вршење  надворешна трговија“, порача Заев во своето обраќање.

Директорот на Царинската управа, пак, изјави дека АД „Европа“ е првата фабрика што добива статус на овластен економски оператор, но во процес е издавање на уште три одобренија за ОЕО, а десетина други компании најавија поднесување барања.

„Со добивање на статус на ОЕО македонските компании покрај поволностите во царинското подрачје на Република Македонија, ќе може да ги добијат истите поволности во сите ЦЕФТА страни, односно можност за поголемо користење на поедноставените царински постапки, приоритетен третман при спроведување на царинските контроли, намален број на физички и документарни контроли од царинските органи, избор на местото за контрола, како и други директни и индиректни поволности. Сето ова треба да придонесе за намалување на времето на царинење на стоките, намалување на трошоците за увоз и извоз, зголемување на конкурентноста и поголема интеграција на македонските компании на регионалните и европските пазари. Тоа треба да придонесе за зголемување на нивната професионалност, претприемачки дух и финансиски капацитети“, нагласи директорот Танасоски.

Тој додаде дека покрај ОЕО, со новиот систем за електронска обработка на царински декларации ќе се воведе концептот на дигитална царина, отворајќи потенцијали за поволно царинско окружување и раст на производството, извозот и инвестициите.

Директорката на домашната производствена компанија „Европа“ АД Скопје, Марика Караџова, во своето обраќање зборуваше за економските перформанси на компанијата, за значењето и придобивките што компанијата ќе ги има со добивањето на овој сертификат, за процесот на апликација и изрази благодарност до Владата на Република Македонија за поддршката што им ја пружа на компаниите преку Планот за економски раст за зголемување на конкурентноста.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share