На една третина од набавките има само по една понуда

Bez autora
Feb 15 2019

На дури една третина од набавките имало само по една понуда. Просечниот најголем удел на еден понудувач во вкупните тендери на една институција изнесува 25 отсто, исто како и претходната година. Само кај две институции овој удел е повисок од 40 отсто, што се смета како праг за концентрација. Речиси една третина од тендерските документации на анализираните институции содржат дискриминаторски елементи што може да ја ограничат конкуренцијата. Секој четврти тендер на анализираните институции бил поништен, а процентот на целосно или делумно поништени тендери кај одделни институции се движи од 0 до 77 отсто. Повеќе од половина од институциите ја користеле постапката со преговарање, без објавување оглас. Ваквите договори учествуваат со 7 отсто од вкупната вредност на договорите на институциите.

На една третина од набавките има само по една понудаНа дури една третина од набавките имало само по една понуда. Просечниот најголем удел на еден понудувач во вкупните тендери на една институција изнесува 25 отсто, исто како и претходната година.

Само кај две институции овој удел е повисок од 40 отсто, што се смета како праг за концентрација. Речиси една третина од тендерските документации на анализираните институции содржат дискриминаторски елементи што може да ја ограничат конкуренцијата.

Секој четврти тендер на анализираните институции бил поништен, а процентот на целосно или делумно поништени тендери кај одделни институции се движи од 0 до 77 отсто. Повеќе од половина од институциите ја користеле постапката со преговарање, без објавување оглас. Ваквите договори учествуваат со 7 отсто од вкупната вредност на договорите на институциите.

Две третини од институциите немаат воспоставено интерен систем за следење на реализацијата на склучените договори за јавни набавки. Ова го покажува најновото годишно рангирање на министерствата, секретаријатите и Собранието според транспарентностa, отчетностa и интегритетoт во јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации.

Главните наоди на анализата вклучуваат:

»Просечното ниво на исполнување на критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во целиот циклус на јавните набавки кај министерствата, владините секретаријати и Собранието на РМ е 53,6 отсто (од максимално можни 100 отсто) и во однос на лани (51,7 отсто) има само мало подобрување.

»Најдобро рангирани се оние институции што трошат најмалку пари. Шесте највисоко рангиран институции, всушност трошат најмал дел од парите за јавни набавки, односно 15 отсто од вкупните средства што ги потрошиле опфатените институции.

»Спротивно на ова, двете институции со најниска процентуална исполнетост трошат дури 39 отсто од вкупните средства за јавни набавки. Од нив, најниско рангираната институција – Министерството за образование и наука – има и најголем обем на набавки.

Според истражувањето, ниту една институција нема методологија, упатство или сличен документ врз чија основа се пресметува проценетата вредност на набавките. Реализацијата на плановите за јавни набавки е влошена. Просечниот процент на реализација на плановите за 2017 година е 62 отсто наспроти 65 отсто за претходната година. На ниво на институции најниската реализација на планот изнесува 21 отсто, а највисоката 87 отсто.

Само две институции ги објавуваат на своите веб-страници огласите за јавните набавки, известувањата за склучените договори, како и самите договори и нивните анекси, а ниту една не објавила известување за реализиран договор за јавни набавки.

„Расте бројот на тендери со поразумни рокови за прибирање понуди од законски минималните. И годинава просечниот број понуди кај анализираните институции од 3,09 е понизок од националниот просек (3,33). Просечниот удел на доставени жалби од фирмите во вкупниот број огласи на анализираните институции е 4,6 отсто, што е повисоко од националниот просек (3 отсто). Во однос на претходната година (6 отсто) уделот на жалби е намален. Две третини од институциите одговориле на барањата за слободен пристап до информациите во максималниот законски рок од 30 дена“, се вели во анализата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik