Групацијата „Трафигура“ го зголеми влогот во проектот за бакар „Иловица – Штука“

Bez autora
Feb 18 2019

Групацијата „Трафигура“ преку својата подружница, инвестициската групација Галена ресоурс еквитис лимитед ја зголеми својата инвестиција во проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“ на компанијата „Еуромакс ресоурцес“ за дополнителни 6,9 милиони американски долари. Инвестицијата е направена преку Еуромакс ресоуцес Лтд канадска компанија која котира на берзата во Торонто. Зголемувањето на своите инвестиции во проектот од страна на „Трафигура“ е охрабрено од поддршката што „Еуромакс“ ја добива од локалното население, како и конструктивните чекори кои македонската Влада ги презема за заедницата, а особено прогресот на интегративниот процес за влез во НАТО, што е силен сигнал за странските инвеститори. „Трафигура“ има богато искуство со изградба и управување со рудници низ целиот свет.

Групацијата „Трафигура“ го зголеми влогот во проектот за бакар „Иловица – Штука“Групацијата „Трафигура“ преку својата подружница, инвестициската групација Галена ресоурс еквитис лимитед (Galena Resource Equities Limited) ја зголеми својата инвестиција во проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“ на компанијата „Еуромакс ресоурцес“ за дополнителни 6,9 милиони американски долари.

Инвестицијата е направена преку Еуромакс ресоуцес Лтд канадска компанија која котира на берзата во Торонто.

Зголемувањето на своите инвестиции во проектот од страна на „Трафигура“ е охрабрено од поддршката што „Еуромакс“ ја добива од локалното население, како и конструктивните чекори кои македонската Влада ги презема за заедницата, а особено прогресот на интегративниот процес за влез во НАТО, што е силен сигнал за странските инвеститори.

„Трафигура“ има богато искуство со изградба и управување со рудници низ целиот свет. „Трафигура“ направи детална техничка и правна детална анализа на „Еуромакс“ и проектот во изминатите дванаесет месеци и потврди дека проектот „Иловица – Штука“ е усогласен со целата македонска регулатива и е проектиран согласно со најдобрите меѓународни практики за работење, заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

„Еуромакс“ пред повеќе од 1 година донесе одлука за откажување од цијанидот и со тоа е во целосна согласност со неодамна усвоените измени на Законот за минерални суровини.

Трафигура е подготвена да го води проектот „Иловица – Штука“ кон процес на изградба и работење за да ја покаже неговата вредност и придонес за локалната заедница и останатите засегнати страни. Дополнителните финансии ќе се искористат за понатамошен развој на проектот, вклучително и дополнителна техничка работа и активности во процесот на добивање дозволи, што ќе овозможи и почетни вработувања.

„Почетокот на интегративниот процес за влез на земјата во НАТО и напредокот во процесот за влез во ЕУ ја зголемија довербата на инвеститорите во нашиот проект. Овој позитивен сигнал беше засилен и од проактивнoста што Владата ја покажува за проектот ‘Иловица – Штука’.

Ние одлучивме да се откажеме од употребата на цијанид, а новите финансии ќе бидат вложени во дополнителна техничка работа на терен и поддршка за локалното население. Кога проектот ќе биде во фаза на работење ќе придонесе за значителен развој на националната економија, особено во регионот каде што е лоциран рудникот. Очекуваме понатамошна заедничка соработка со локалното население”, изјави главниот извршен директор на „Еуромакс ресоурцес“, Варшан Гокул.

Предвидени се 343 милиони евра инвестициja за изградба на проектот и со тоа ќе биде најголемата гринфилд-инвестиција во земјата која ќе донесе значителен поттик за економски раст.

Со приходи од над 180 милијарди американски долари за изминатата 2018 година, „Трафигура“ е една од водечките светски независни трговски и логистички куќи со значајно рударско искуство во срцето на глобалната економија. „Трафигура“ е посветена на исполнување на највисоките стандарди во синџирот за набавки, и секогаш во нејзиното планирање и донесување одлуки на прво место ги поставува здравјето, безбедноста, животната средина и заедницата.

Покрај „Трафигура“, зад структурата на акционери и кредитори на „Еуромакс“ стојат многу други престижни меѓународни институции, како Европската банка за обнова и развој, британскиот инвестициски фонд „Ора капитал“, американскиот инвестициски фонд „Eквинокс партнерс“, „Инвестек банка“ и менаџерски тим и Одбор на директори со повеќе од 200 години заедничко искуство во рударскиот сектор.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik