pretraga

kursna lista

BA

HR

RS

MK

EUR 117.9612
USD 105.492
CHF 104.5199
GBP 134.9207
CAD 78.3067
HRK 15.8768
BAM 60.3126
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
13.03.2019.Makfax Macedonia

Донесена одлука за намалување на основната каматна стапка на ниво од 2,25 остo

Донесена одлука за намалување на основната каматна стапка на ниво од 2,25 остoКлучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика, беа разгледани на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

Врз основа на оцената на постојните економски и финансиски услови, како и на постојните ризици, Комитетот оцени дека постои простор за натамошно олабавување на монетарната политика.

На седницата беше донесена одлука за намалување на основната каматна стапка од 0,25-процентни поени, односно од 2,50 на 2,25 отсто. Понудата на благајнички записи за аукцијата што ќе се одржи денеска e задржана на нивото од 25.000 милиони денари.

Од Народната банка велат дека одлуката за намалување на каматната стапка се темели на задржаниот континуитет на поволни движења на девизниот пазар, што упатува на отсуство на притисоци во надворешниот сектор и стабилни согледувања на домашните субјекти. Истовремено, тековните движења покажуваат умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци.

Дополнителен простор за монетарно олабавување создава и последната најава на ЕЦБ за задржување на каматните стапки на тековното ниво подолго од претходно очекуваното, како и за дополнително олабавување преку други монетарни инструменти.

Во однос на најновите макроекономски показатели, проценетите официјални податоци за БДП за четвртото тримесечје од минатата година покажуваат солиден економски раст од 3,7 отсто на годишна основа, кој е повисок од очекуваниот со октомвриските проекции.

Од аспект на структурата на растот, подобрите остварувања главно се објаснуваат со повисокиот раст на личната и јавната потрошувачка во однос на очекувањата од проекциите. Во согласност со очекувањата, бруто-инвестициите исто така остварија раст, малку помал од проектираниот.

Гледано за целата 2018 година, реалниот раст на економијата изнесува 2,7 процента и е повисок од очекуваниот со октомвриските проекции од 2,3 отсто. За првиот квартал на оваа година, во услови на ограничен обем на расположливи податоци, тешко може да се даде попрецизна оцена за состојбата во економијата.

Сепак, достапните податоци упатуваат на натамошни поволни движења во економијата при забрзан раст на активноста во индустријата и натамошен раст на прометот во трговијата.

Во однос на инфлациските движења, во првите два месеца од годината просечната годишна стапка на раст на потрошувачките цени изнесува 1,1 процент, што е пониско остварување во однос на октомвриската проекција. Оцените за движењето на поголемиот дел од увозните цени во наредниот период се променети во надолна насока. Во вакви услови ризиците за проектираната стапка на инфлација за 2019 година од 2 процента тековно се оценуваат како надолни.

Расположливите податоци од надворешнотрговската статистика за јануари упатуваат на трговски дефицит, кој главно е во согласност со очекувањата за првиот квартал од годината.

Од другите расположливи показатели за надворешниот сектор, податоците за менувачкиот пазар заклучно со втората декада на февруари укажуваат на остварени нето-приливи од приватните трансфери, кои се во рамките на очекуваните за првото тримесечје од оваа година. Остварениот дефицит во тековната сметка на билансот на плаќања за 2018 година е помал во однос на октомвриската проекција и изнесува 0,3 отсто од БДП наспроти проектираните 0,5 отсто од БДП.

Позицијата на финансиската сметка е значително подобрa, со нето-приливи од 5,3 отсто од БДП наспроти проектираните 4 отсто од БДП главно како одраз на повисоките приливи врз основа на директни инвестиции. Девизните резерви на крајот на февруари се нешто пониски во однос на крајот на минатата година, при што нивното ниво и натаму е високо и се одржува во сигурната зона.

Во однос на монетарните движења првичните монетарни податоци за февруари годинава покажуваат месечен раст и кај депозитите и кај кредитите, со поволни поместувања од аспект на валутната и секторската структура. Поради подобрите остварувања на крајот на 2018 година, растот на депозитите на годишна основа и натаму го надминува проектираниот за крајот на првиот квартал од оваа година.

Во однос на кредитната активност, послабите остварувања на крајот на минатата година придонесуваат за одржување на кредитирањето пониско ниво од очекуваното, а со тоа и за негов малку понизок годишен раст во однос на проектираниот.

Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидноста на домашните банки и натаму се зголемува, при што активноста на меѓубанкарскиот пазар на депозити беше релативно мала. Вишокот слободни парични средства беше пренасочен кон расположливите депозити кај Народната банка, кои овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречена кредитна поддршка на домашните субјекти.

На девизниот пазар банките на нето-основа откупија умерен износ на девизи во трансакциите со клиентите. Ваквите пазарни движења во комбинација со вложувањата на банките во инструменти со валутна компонента придонесоа за раст на нивната девизна ликвидност и интервенции на Народната банка со умерен откуп на девизи од банките поддржувачки на девизниот пазар.

На меѓународните финансиски пазари, во февруари, од двете страни на Атлантикот преовладуваше зголемена склоност кон преземање ризик, поттикната од оптимизмот за решавање на трговскиот спор помеѓу САД и Кина и засилените очекувања за одложување на датумот за излез на Обединетото Кралство од ЕУ.

Во такви услови приносите на државните обврзници се зголемија, а глобалните берзански индекси и натаму растат. Сепак, овие позитивни пазарни движења беа прекинати на почетокот на март. Имено, на состанокот на ЕЦБ одржан на 7 март беше истакнато дека каматните стапки ќе бидат непроменети до крајот на годинава.

Истовремено, беше најавена нова серија операции за рефинансирање – ТЛТРО III во услови на согледување за побавен економски раст и ниски ценовни притисоци и во следните две години. Во вакви услови дојде до надолна корекција на приносите на безбедните инструменти за инвестирање како во еврозоната така и во САД, а истовремено беше забележано и изразено слабеење на еврото.

Општо гледано, на седницата беше заклучено дека во согласност со постојните економски и финансиски услови согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се малку поповолни од претходно, што укажува на тоа дека постои простор за натамошно намалување на основната каматна стапка.

Растот на економијата во последниот квартал, како и за целата 2018 година, е подобар од очекуваниот во отсуство на притисоци врз цените од домашната побарувачка, што се согледува преку натамошната ниска и стабилна стапка на инфлација.

Движењата на девизниот пазар и натаму упатуваат на поволна надворешна позиција на економијата и доверба во домашната валута. Во прилог на ваквите согледувања е и порелаксирачкиот тон во реториката на ЕЦБ, изразен на последниот состанок, односно најавите за нова серија операции за рефинансирање и очекувањето дека клучните каматни стапки ќе се задржат на тековните нивоа подолго од претходно очекуваното.

Од НБРМ додаваат дека ризиците и понатаму се присутни, а Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на трендовите и потенцијалните ризици од опкружувањето заради соодветно приспособување на поставеноста на монетарната политика.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share