Заврши откупот на тутунот од реколтата 2018, постигната просечна откупна цена од 214 денари за килограм

Bez autora
Mar 18 2019

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, откупени се над 25,2 милиони килограми тутун по просечна откупна цена од 214,24 денари за килограм. Од страна на откупните компании кон тутунопроизводителите се исплатени над 5,3 милјарди денари или 98,24 отсто од откупениот тутун. Од ДИЗ посочуваат дека откупот на тутун заврши во рамки на законскиот рок, односно заклучно со 15 март 2019 година, и се одвиваше непречено. Во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство низ државата во тек е вадењето евидентни листови, како лиценци за годинашното тутунопроизводство.

Заврши откупот на тутунот од реколтата 2018, постигната просечна откупна цена од 214 денари за килограмСпоред податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, откупени се над 25,2 милиони килограми тутун по просечна откупна цена од 214,24 денари за килограм.

Од страна на откупните компании кон тутунопроизводителите се исплатени над 5,3 милјарди денари или 98,24 отсто од откупениот тутун. Од ДИЗ посочуваат дека откупот на тутун заврши во рамки на законскиот рок, односно заклучно со 15 март 2019 година, и се одвиваше непречено.

Во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство низ државата во тек е вадењето евидентни листови, како лиценци за годинашното тутунопроизводство. Од Платежната агенција веќе информираа дека штом завршат сите административни процедури околу контролите, ќе следи и исплатата на субвенциите за производителите на тутун.

Во реколтата 2018 се засеаја 14.802 хектари со тутун, а склучија 34.104 договори со 9 откупни претпријатија. Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пријавија 23.430 издадени евидентни листови. Вкупната договорена количина за откуп изнесува над 29.000 тони тутун.

Споредено со реколтата 2017, за производство на тутун 2018 се издадоа 57 евидентни листови повеќе од 2017 и се склучија над 4.700 повеќе договори. Зголемување има и на засадените површини со тутун, и тоа за 387 хектари.

За зголемениот интерес големо влијание имаше високата откупна цена на тутунот од реколтата 2017, која изнесуваше 217,60 денари за килограм, како и новиот модел на зголемени субвенции според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Новата производствена реколта ќе стартува според постоечкиот Закон за тутун и тутунски производи, односно и оваа година ќе се издаваат евидентните листови т.н „бели картони“.

Новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи е во собраниска процедура, и новото законско решение предвидува укинување на евидентните листови или т.н „бели картони“, процес кој ќе почне да се применува од 2020 година.

Од Министерството велат дека новите законски одредби ќе овозможат транспарентност во врска со содржината на договорите кои треба јавно да се објават најдоцна до 28 февруари во тековната година на огласна табла во седиштето на откупувачот и на локалната веб-страница на откупувачот.

Воедно, ќе се создаде можност за дополнително отворање на откупни пунктови во текот на откупот, како и други придобивки за подобрување на квалитетот на услугите и задоволството на тутунопроизводителите, откупувачите, производителите на тутунски и сродни производи, потрошувачите и бизнис-заедницата од работењето на тутунското стопанство.

Истовремено, овој закон предвидува понатамошно усогласување со европските директиви и најдобри примери од ЕУ во контекст на прилагодување кон европските стандард.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik