Просечната плата во јануари е зголемена за 2 отсто

Bez autora
Mar 24 2019

По рекордниот раст во 2018, платите растат и во 2019, просечната плата во јануари е зголемена за 2 отсто, нагласува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Од СДСМ велат дека според официјалните податоци, просечната плата во јануари оваа година изнесува 24.517 денари, што е за 2 отсто повисока од просечната плата исплатена во јануари, минатата година. Трендот на раст на платите што започна со зголемувањето на минималната плата, дополнително ќе се интензивира во следниот период. Платите ќе растат во сите сектори, предвидени се покачувања на платите од 5 отсто во образованието, здравството, детските градинки, одбраната, полицијата, судството.

Просечната плата во јануари е зголемена за 2 отстоПо рекордниот раст во 2018, платите растат и во 2019, просечната плата во јануари е зголемена за 2 отсто, нагласува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Од СДСМ велат дека според официјалните податоци, просечната плата во јануари оваа година изнесува 24.517 денари, што е за 2 отсто повисока од просечната плата исплатена во јануари, минатата година.

„Трендот на раст на платите што започна со зголемувањето на минималната плата, дополнително ќе се интензивира во следниот период. Платите ќе растат во сите сектори, предвидени се покачувања на платите од 5 отсто во образованието, здравството, детските градинки, одбраната, полицијата, судството. Позитивните економски политики и зголемената помош кон претпријатијата, отвораат можност за раст на платите и во приватниот сектор“, вели СДСМ.

Владејачката партија додава дека по рекордниот број странски инвестиции, растот на индустриското производство и извозот, растот на просечната плата е последниот економски показател што ја докажува успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik