Со реформата, пензионерите ќе бидат покуси за минимум 300 до 700 денари

Bez autora
Apr 08 2019

Со пензиската реформа на Владата, пензионерите во просек ќе бидат покуси за минимум 300 до 700 денари во 2019 година, изјави на прес-конференција, Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека деновиве со исплатата на мартовската пензија, пензионерите се увериле дека ќе има минимално, речиси никакво усогласување односно зголемување на пензиите и не се остварува најавата за зголемување на пензиите. Да потсетиме дека на 28-ми декември, минатата година Владата по скратена постапка го измени Законот за пензиско инвалидско осигурување, со што го укина усогласувањето кое што со години важеше и со порастот на платите во Република Македонија.

Со реформата, пензионерите ќе бидат покуси за минимум 300 до 700 денариСо пензиската реформа на Владата, пензионерите во просек ќе бидат покуси за минимум 300 до 700 денари во 2019 година, изјави на прес-конференција, Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека деновиве со исплатата на мартовската пензија, пензионерите се увериле дека ќе има минимално, речиси никакво усогласување односно зголемување на пензиите и не се остварува најавата за зголемување на пензиите.

„Да потсетиме дека на 28-ми декември, минатата година Владата по скратена постапка го измени Законот за пензиско инвалидско осигурување, со што го укина усогласувањето кое што со години важеше и со порастот на платите во Република Македонија. Да потсетам старото решение кое што долго време функционираше беше дека пензиите еднаш на 6 месеци се усогласуваат со 50 проценти од стапката на пораст на трошоците на живот и 50 проценти од стапката на пораст на платите во Република Македонија. Пензиите во изминатиот период растеа затоа што растеа и платите во Република Македонија. Што се случува сега? Односно што значи сето ова? Имено да потсетиме дека речиси во сите земји на светот пензиите се усогласуваат по правило, по двете основи кои што кај нас важеа до 1-ви јануари оваа година. Имено со усогласувањето на пензиите со зголемување на цените треба да се задржи куповната моќ на пензиите“, рече Славевски.

Додаде дека пензионерите исто така имаат право да учествуваат во зголемувањето на БДП кој што е изразен преку порастот на платите.

„Тоа е првата причина зошто порастот на платите треба да биде фактор за зголемување на цените. Втората е што ова усогласување на пензиите како што гледаме доаѓа секогаш со задоцнување односно веќе се начнала куповната моќ на пензиите со порастот на цените во изминатите 6 месеци пред да се изврши усогласувањето што не е случај со платите. Сега поконкретно, пресметано а и самите пензионери увидоа и покрај онаа разлики за трите месеци дека има минимално зголемување на пензиите од 0,7 отсто што еве да речеме на пензија е просечно од околу 15.000 денари значи некаде околу 100 денари“, изјави Славевски.

Рече дека усогласувањето доколку останело старото законско решение требало да биде 1,83 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik