AEK на тендер бара диџеј за меѓународна конференција во Охрид

Bez autora
Apr 09 2019

Агенцијата за електронски комуникации на Бирото за јавни набавки објави тендер за набавка на услуги за организирање конференции и состаноци. Станува збор за оглас објавен на 5 април, во кој пишува дека вкупната вредност на договорот е 4 милиони и 956 илјади денари или приближно 80 илјади евра, со вклучен ДДВ. Според техничката спецификација, услугите се за организација на две меѓународни конференции и една конференција за сајбер-безбедност. Набавката е предвидена во планот за јавни набавки на АЕК за 2019 година. Постапката за јавни набавки ја спровела комисија при АЕК, а е потпишана од директорот Сашо Димитријоски.

AEK на тендер бара диџеј за меѓународна конференција во ОхридАгенцијата за електронски комуникации на Бирото за јавни набавки објави тендер за набавка на услуги за организирање конференции и состаноци.

Станува збор за оглас објавен на 5 април, во кој пишува дека вкупната вредност на договорот е 4 милиони и 956 илјади денари или приближно 80 илјади евра, со вклучен ДДВ.

Според техничката спецификација, услугите се за организација на две меѓународни конференции (регулаторна конференција и конференција за сајбер-безбедност хакатон) и една конференција за сајбер-безбедност.

Набавката е предвидена во планот за јавни набавки на АЕК за 2019 година. Постапката за јавни набавки ја спровела комисија при АЕК, а е потпишана од директорот Сашо Димитријоски.

За меѓународната конференција што ќе се одржи во Охрид на 20 мај, меѓу другото, предвидено е ангажирање еден диџеј со лаптоп и озвучување, кој ќе пушта македонска и странска музика oд 20 часот до полноќ.

Во техничката спецификација е наведено дека се бара и организирање посета на Св. Наум со брод, посета на Плаошник, Канео, „Света Софија“, туристички водич, свечена вечера во ресторан во Охрид, коктел со шведска маса, ангажирање хостеси и сл.

Во понудата пишува дека се бараат и 200 беџа, 10 марами од полиестер и памук, 200 надворешни полначи за мобилни телефони, 200 мемориски уреди и др. АЕК наиде на критика во јавноста кога неодамна распиша тендер за две години за набавка на репрезентативен материјал, каде што во техничката спецификација пишуваше дека ќе набавува и пенкала со циркони.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik