Аеродромите во Скопје и Охрид со речиси половина милион патници во првите три месеци од годината

Bez autora
Apr 10 2019

Во првите три месеци од 2019 година вкупно 480.845 патници патувале преку двата аеродрома – „Меѓународен аеродром Скопје“ и аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид, што е пораст од 7 проценти во споредба со истиот период минатата година, соопшти „ТАВ Македонија“. „Меѓународниот аеродром Скопје“ опслужил 454.448 патници во првиот квартал од 2019 година, со 5,6 проценти пораст на годишно ниво, а на аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид биле опслужени 26.397 патници, што е 63,9 отсто годишен пораст. Првиот квартал од 2019 година го завршивме со речиси половина милион патници на ‘Меѓународниот аеродром Скопје’ и аеродромот ‘Св. апостол Павле’ во Охрид.

Аеродромите во Скопје и Охрид со речиси половина милион патници во првите три месеци од годинатаВо првите три месеци од 2019 година вкупно 480.845 патници патувале преку двата аеродрома – „Меѓународен аеродром Скопје“ и аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид, што е пораст од 7 проценти во споредба со истиот период минатата година, соопшти „ТАВ Македонија“.

„Меѓународниот аеродром Скопје“ опслужил 454.448 патници во првиот квартал од 2019 година, со 5,6 проценти пораст на годишно ниво, а на аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид биле опслужени 26.397 патници, што е 63,9 отсто годишен пораст.

„Првиот квартал од 2019 година го завршивме со речиси половина милион патници на ‘Меѓународниот аеродром Скопје’ и аеродромот ‘Св. апостол Павле’ во Охрид. Скопскиот аеродром ја забележа очекуваната стапка на пораст од 5,6 отсто, што ќе биде и повисока во вториот и третиот квартал од годината поради отворањето на четирите нови дестинации, Баден-Баден и Бремен отворени во март оваа година, како и Ларнака и Турку, кои ќе бидат отворени во јули 2019 година.

На охридскиот аеродром забележавме неверојатен пораст во бројот на патници од 64 проценти како резултат на трите нови авиолинии отворени во последните 6 месеци – Виена во ноември 2018 година, Малме и Милано во март 2019 година. Со дополнителните четири нови дестинации што ќе се отворат ова лето – Меминген, Дортмунд, Штутгарт и Диселдорф, очекуваме да ја одржиме високата стапка на пораст на бројот на патници на аеродромот во Охрид, притоа постигнувајќи нови рекорди.

„ТАВ Македонија“, заедно со сите владини тела во областа на воздухопловството, ќе продолжи да работи на развој на мрежата на авиолинии на двата аеродрома. Во исто време задоволството на патниците ќе остане како еден од нашите врвни приоритети со фокус на подобрување и иновација на услугите за авиокомпаниите и патниците“, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Според статистичките податоци за патнички сообраќај на „ТАВ Македонија“, од јануари до март 2019 година најфреквентните дестинации од „Меѓународниот аеродром Скопје“ се: Истанбул со 10,9 проценти пазарен удел, Цирих  – 7,5 отсто пазарен удел, Базел со 5,7 проценти пазарен удел, Малме – 4,9 отсто пазарен удел, Виена – 4,8 проценти пазарен удел и Меминген со 3,6 отсто пазарен удел.

Во однос на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај „Визер“ има превезено најголем број од патниците со 67,4 отсто пазарен удел, а потоа следуваат „Туркиш ерлјанс“ со 8,4 отсто, „Германија флаг“ со 4,8 отсто, „Аустријан ерлајнс“ со 4,7 отсто, „Едејвајс“ – 2,6 отсто, „Пегасус ерлјанс“ со 2,5 отсто“.

„Меѓународниот аеродром Скопје“ ги поврзува патниците со вкупно 42 редовни дестинации, до кои сообраќаат 13 авиокомпании. На аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид во моментот 11 авиокомпании опслужуваат 5 редовни и 8 сезонски дестинации.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik