pretraga

kursna lista

BA

HR

RS

MK

EUR 117.9519
USD 105.7106
CHF 104.6508
GBP 134.4641
CAD 78.7081
HRK 15.8697
BAM 60.3078
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
15.05.2019.Makfax Macedonia

Отворен е повикот за стартап-бизниси на „Сеавус акцелераторот“

Отворен е повикот за стартап-бизниси на „Сеавус акцелераторот“Денес и официјално е отворен повикот на „Сеавус акцелераторот“, проект помогнат од страна на Фондот за иновации и технолошки развој, со кој се повикуваат сите иновативнo технолошки ориентирани стартап-бизниси да аплицираат за менторска и финансиска поддршка. Повикот е отворен до 5 јуни оваа година.

По завршување на рокот за пријавување, ќе стартува првата фаза од акцелераторката програма, која е замислена како 6+6 неделна активност со менторски сесии за најдобрите 15 компании кои ќе ќе бидат селектирани и прифатени во програмата.

Повикот се однесува на технолошко ориентирани компании (Fintech, AI, Machine learning, Block chain, IOT, Gaming, E-commerce, Digital Media и сл.) кои развиваат иновативни решенија во повеќе области, и тоа: финансии, медицина, јавни сервиси, подобрување на животната околина, инфраструктура, компјутерски мрежи, интернет-технологии, алатки за развивање софтвер, сајбер-безбедност и сл. Компаниите кои аплицираат треба да имаат најмалку двајца ко-основачи.

„Акцелераторската програма ќе заврши со т.н. Демо ден – ден за презентации на кој Комитетот за инвестиции ќе одлучи кому ќе додели средства во првата фаза. Иницијалната инвестиција изнесува до 32.000 евра по компанија и таа очекуваме да се случи најдоцна во период од 6 месеци по официјалниот старт на програмата. Позитивно оценетите компании од првата фаза може да добијат дополнителна инвестиција во износ до 100.000 евра“, изјавуваат од акцелераторот.

Останатите информации поврзани со критериуми за аплицирање, како и апликациската форма можете да ги пронајдете на веб-страницата на „Сеавус акцелератор“: www.seavusaccelerator.com.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share