Македонски праски на пазарите во Русија, Иран, Белорусија, Косово

Bez autora
Jun 18 2019

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија, денеска во Росоман имаа работна средба со градоначалникот на општината, Бранко Јанев. На средбата присуствуваа и претставници од компаниите извозници на праски и производители на праски, а се разговараше за состојбата со откупот, цената и за извозот на праски.Според информациите од терен, на средбата беше констатирано дека извозот се одвива непречeно и праските се извезуваат во Русија, Иран, Белорусија, Косово.

Македонски праски на пазарите во Русија, Иран, Белорусија, КосовоПретставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија, денеска во Росоман имаа работна средба со градоначалникот на општината, Бранко Јанев.

На средбата присуствуваа и претставници од компаниите извозници на праски и производители на праски, а се разговараше за состојбата со откупот, цената и за извозот на праски.

Според информациите од терен, на средбата беше констатирано дека извозот се одвива непречeно и праските се извезуваат во Русија, Иран, Белорусија, Косово. Воедно, на средбата беа презентирани предлози за подобрување на соработката помеѓу производителите и откупувачите и договорена е средба во поширок состав, на која од страна на производителите ќе се претстават предлозите за партнерство помеѓу нив и откупувачите.

Во меѓувреме, инспекторите од ДИЗ се постојано на терен за да се следи откупот и да не се манипулира со откупната цена и со белешките што им се издаваат на овоштарите при откупот. ДФЛ работи со доволен капацитет за извршување на редовните анализи потребни за непречен извоз.

Следната недела МЗШВ ќе има средба и со компаниите од индустријата за да се договори откупот на праски за преработка, а ќе продолжи комуникацијата со земјоделците и откупувачите со цел да има поблиска соработка, што ќе резултира со откуп на целокупната произведена количина праски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik