Обезбедени вкупно 151 милион денари за набавка на приплоден добиток

Bez autora
Aug 09 2019

Се потпишаа првите договори за набавка на приплоден добиток. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до 6.5 милиони денари, соопшти Министерството за земјоделие. Со цел зголемување на стадата и нивна обнова од годинава, за оваа мерка набавка на приплоден добиток драстично ја зголемивме поддршката и наместо само 14 милиони денари сега за набавка на приплоден добиток на располагање имаме 151 милион денари, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Обезбедени вкупно 151 милион денари за набавка на приплоден добитокСе потпишаа првите договори за набавка на приплоден добиток. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до 6.5 милиони денари, соопшти Министерството за земјоделие.

„Со цел зголемување на стадата и нивна обнова од годинава, за оваа мерка набавка на приплоден добиток драстично ја зголемивме поддршката и наместо само 14 милиони денари сега за набавка на приплоден добиток на располагање имаме 151 милион денари“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

„Само со денешниве 7 договори апликантите ќе набават околу 500 грла на добиток, и тоа јуници холштајн и симентал, како и јуници ангус од кои се добива квалитетно месо, овци асаф, и други раси на добиток кои значително ќе го подобрат и квалитетот на домашното производство на млеко, но и ќе се окрупни домашниот сточен фонд“, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никола Бабовски.

Денеска се потпишаа 7 од вкупно пристигнати 70 апликации за набавка на приплоден добиток. Преку оваа мерка на располагање се 151 милион денари, средства се обезбедени од Програмата за рурален развој. Вкупната финансиска поддршка само на денешните седум договори изнесува околу 22 милиони денари пари.

Апликантите кои ги исполниле условите и ќе бидат поддржани преку оваа мерка ќе може да добијат поврат од 50 до 75% од вкупната инвестиција. Со парите од оваа мерка, апликантите ќе можат да набавуваат педигрирани машки и женски приплодни грла кози, високостелни педигрирани јуници (со исклучок на расата буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци од увоз или од признати организации.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik