pretraga

kursna lista

BA

HR

RS

MK

EUR 117.63
USD 105.4127
CHF 106.8878
GBP 135.9884
CAD 80.2606
HRK 15.7986
BAM 60.1433
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
23.09.2019.Makfax Macedonia

ТАВ за 10 години го зголеми бројот на патници за четири пати

ТАВ за 10 години го зголеми бројот на патници за четири патиХолдингот ТАВ Аеродроми ја прославува 10-годишнината од управувањето со македонските аеродроми. Вкупниот пораст на бројот на патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид заедно, кој беше 640.000 во 2009 година, се очекува да достигне 2,7 милиони до крајот на 2019 година.

Во последната декада, бројот на опслужувани дестинации е зголемен од 15 на 44 како резултат на маркетингот и поддршката од мрежата на авиолинии на ТАВ, која се протега на 14 аеродроми во 7 земји.

ТАВ е одлучен дека и натаму ќе продолжи со двоцифрениот пораст на бројот на патници и дека ќе продолжи да го развива скопскиот аеродром како главен центар за авиосообраќај на Балканот, објавија од компанијата, на прес-конференција за медиумите во Бодрум, Турција.

Главниот извршен директор и Претседател на холдингот ТАВ Аеродроми, Сани Шенер, изјави:“Навршувајќи ги првите 10 години работа во државата, многу сме среќни од работењето на двата македонски аеродрома, во секој аспект, како за компанијата така и за целокупната економија во државата. Од 2010 година инвестиравме 120 милиони евра во аеродромска инфраструктура и развој, а плативме вкупно 47,4 милиони евра за концесиски такси и даноци. Инвестициските циклуси од почетокот на работата на ТАВ Македонија ги поместуваат сите сегменти на аеродромското работење. Од 15 дестинации на кои превозниците летаа од/до Скопје во 2010 година, денес бројот се зголеми на 44 дестинации, додека бројот на патници на двата аеродрома, кој во 2010 година беше само 640.000, на крајот на 2018 година достигна бројка од 2,3 милиони. Очекуваме овој развој да продолжи со слично темпо во наредниот период, искористувајќи го потенцијалот на македонските аеродроми да станат заеднички регионален центар и да придонесат за развој на македонската економија и деловните односи меѓу Македонија и Турција“.

Бројот на вработени на ТАВ Аеродроми, на скопскиот и охридскиот аеродром е 1.100 луѓе, од кои повеќе од 70% работат во ТАВ Македонија, а останатите во сестринските компании на ТАВ, односно во БТА, АТУ, ТАВ МОС, ТАВ Технолоџис и Еуроклин.

Главниот и извршен директор на ТАВ Аеродроми, Шенер, истакна дека успехот на пазарот е постигнат како резултат на посветената работа на тимот на ТАВ Македонија со цел да обезбеди услуги со висок квалитет во секој сегмент, како и на поддршката од институциите во земјата кои се вклучени во авиосообраќајот.

„Достигнувањата дојдоа како резултат на одличната соработка со Владата и сите институции вклучени во воздухопловната индустријата, како што се Агенцијата за цивилно воздухопловство, М-НАВ, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, авиокомпаниите и тур-операторите кои работат на/од македонските аеродроми, нашите деловни партнери кои работат на двата аеродрома и патниците за користење на нашите аеродроми. Покрај развивањето на мрежата на авиокомпании и авиолинии, ќе продолжиме да работиме и на подобрување на квалитетот на услугите за нашите патници и одржување на високо ниво на задоволство на клиентите со усвојување на најновите трендови и решенија во дејноста на аеродромското пработење на двата македонски аеродрома“, додаде Шенер.

Доказ за практиката да се обезбедат аеродромски услуги со висок квалитет, е наградата ASQ од страна на Меѓународниот совет на аеродром, што скопскиот аеродром ја доби за 2018 година, по четврти пат, по наградите добиени за 2012, 2013 и 2015 година. Оваа престижна награда е доделена според искуствата на патниците, и е светски репер за врвна услуга за клиенти.

Првите 8 месеци од 2019 година ги заврши со вкупно 1,8 милиони патници (1,774,482), што е 12,1% зголемување на годишно ниво и 14,744 летови (9,9% зголемување на годишно ниво) на двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share