Tрговската размена со Германија пораснала за 18 проценти

Bez autora
Oct 13 2019

Германија е најзначaјниот трговски партнер на Република Сeвeрна Македонија. Само во првите седум месеци од годинава земјата во СР Германија извезла стоки во вредност 1,8 милијарди евра, што е покачување за 22 проценти во однос на лани, додека вкупната трговска размена пораснала за 18 отсто. За 1,3 милијарди евра извезуваме повеќе стоки во Германија отколку што увезуваме, односно нашата земја остварува трговски суфицит. На првата официјална средба помеѓу министерката за финансии, Нина Ангеловска, и амбасадорот на СР Германија, Томас Герберих, беше нагласен растечкиот тренд на трговската соработка, како и континуираната поддршка што оваа пријателска земја и ја дава на Република Северна Македонија, особено во нашата цел да станеме член на Европската Унија.

Tрговската размена со Германија пораснала за 18 процентиГерманија е најзначaјниот трговски партнер на Република Сeвeрна Македонија. Само во првите седум месеци од годинава земјата во СР Германија извезла стоки во вредност 1,8 милијарди евра, што е покачување за 22 проценти во однос на лани, додека вкупната трговска размена пораснала за 18 отсто.

За 1,3 милијарди евра извезуваме повеќе стоки во Германија отколку што увезуваме, односно нашата земја остварува трговски суфицит.

На првата официјална средба помеѓу министерката за финансии, Нина Ангеловска, и амбасадорот на СР Германија, Томас Герберих, беше нагласен растечкиот тренд на трговската соработка, како и континуираната поддршка што оваа пријателска земја и ја дава на Република Северна Македонија, особено во нашата цел да станеме член на Европската Унија.

На средбата помеѓу министерката и амбасадорот беше зборувано и за билатералната соработка со Германија. Во рамки на билатералната соработка, Германија има инвестирано 368 милиони евра во нашата земја преку КфВ развојната банка. Во рамки на оваа соработка реализирани се бројни проекти, а во моментот во имплементација се: втората фаза од Ветерeн парк Богданци, Топлификација Битола, втора фаза на проектот „Наводнување на јужната долина на реката Вардар, фаза 2“.

Исто така, во рамки на соработката со КфВ развојната банка во тек е подготовката на проектот за реконструкција на студентските домови во земјава, за што е ангажиран и консултант кој направил структурна и енергетска анализа за реновирање на 9 студентски дома, соопштија од Министерството за финансии.

И од министерката за финансии и од амбасадорот Герберих беше истакнато дека соработката помеѓу двете земји ќе се продлабочи и во иднина, особено на економски план.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik