„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

Bez autora
Oct 15 2019

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби жалбата на канадската компанија, што всушност значи дека оваа компанија не доби дозвола за изградба и експлоатација на руда во рудникот „Иловица-Штука“. Претседателот и извршен директор на компанијата, Варшан Гокул, вели дека остануваат посветени на развојот на проектот и дека рудникот ќе овозможи значајна корист за локалната заедница, како и за економијата на целата држава. Ние сме уверени во правната позиција на ‘Еуромакс рисосрсес’ и остануваме целосно посветени на развојот на проектот. Се надеваме дека Управниот суд при разгледувањето на поднесената тужба ќе го поддржи владеењето на правото.

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби жалбата на канадската компанија, што всушност значи дека оваа компанија не доби дозвола за изградба и експлоатација на руда во рудникот „Иловица-Штука“.

Претседателот и извршен директор на компанијата, Варшан Гокул, вели дека остануваат посветени на развојот на проектот и дека рудникот ќе овозможи значајна корист за локалната заедница, како и за економијата на целата држава.

„Ние сме уверени во правната позиција на ‘Еуромакс рисосрсес’ и остануваме целосно посветени на развојот на проектот. Се надеваме дека Управниот суд при разгледувањето на поднесената тужба ќе го поддржи владеењето на правото. Развојот на проектот ‘Иловица-Штука’ ќе овозможи значајна корист за локалната заедница, како и за економијата на целата држава. Веруваме дека постои начин да се поддржи развојот на проектот, со што би ѝ се овозможило на компанијата да управува со безбеден рудник во согласност со најдобрите светски практики. Притоа развојот на проектот ќе отвори многу работни места за локалната заедница и ќе донесе многубројни локални инвестиции“, вели Гокул.

Она што е пред нас, додава тој, не е одлуката дали тука треба да има рудник, туку кој ќе управува со него.

„Со почитување на принципот на владеењето на правото постои можност да се продолжи со развој на проектот и со тоа да ѝ се покаже на меѓународната заедница дека во државата владее пријателска клима за поттикнување странски инвестиции“, вели Гокул и додаде дека досега „Еуромакс“ има инвестирано над 50 милиони евра во истражувањето и дефинирањето на проектот „Иловица-Штука“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik