Македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките на светско ниво

Bez autora
Oct 20 2019

Македонските аеродроми – Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. апостол Павле“ – Охрид, со 17,8 отсто пораст на бројот на патници во август 2019 година – се меѓу најбрзорастечките аеродроми на светско ниво, како и во групата држави што не се дел од ЕУ, објави Меѓународниот совет на аеродроми – Европа во својот најнов извештај за аеродромскиот сообраќај. Аеродромите во Украина, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Србија се водечките пазари во групата земји што не се дел од ЕУ според порастот на патничкиот сообраќај, соопштија од ACI Europe. Според анализата на оваа реномирана организација, скопскиот аеродром со 11,1 отсто пораст на патничкиот сообраќај е меѓу најбрзорастечките поголеми аеродроми во главни градови на земјите што не се дел од ЕУ, а имаат највисоко зголемување на бројот на патници во август 2019 година, и е во друштво на: „Бориспил“ во Киев, Анталија, Тирана, Сараево и „Шереметјево“ во Москва.

Македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките на светско нивоМакедонските аеродроми – Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. апостол Павле“ –  Охрид, со 17,8 отсто пораст на бројот на патници во август 2019 година – се меѓу најбрзорастечките аеродроми на светско ниво, како и во групата држави што не се дел од ЕУ, објави Меѓународниот совет на аеродроми – Европа (ACI Europe) во својот најнов извештај за аеродромскиот сообраќај.

„Аеродромите во Украина (+25,1 отсто), Северна Македонија (+17,8 отсто), Албанија (+13 отсто), Босна и Херцеговина (+12,1 отсто) и Србија (+12 отсто) се водечките пазари во групата земји што не се дел од ЕУ според порастот на патничкиот сообраќај“, соопштија од ACI Europe.

Според анализата на оваа реномирана организација, скопскиот аеродром со 11,1 отсто пораст на патничкиот сообраќај е меѓу најбрзорастечките поголеми аеродроми во главни градови на земјите што не се дел од ЕУ, а имаат највисоко зголемување на бројот на патници во август 2019 година, и е во друштво на: „Бориспил“ во Киев (+24,2 отсто), Анталија (+15,3 отсто), Тирана (+13 отсто), Сараево (+12,2 отсто) и „Шереметјево“ во Москва (10,6 отсто).

Од друга страна, охридскиот аеродром со 60,9 отсто пораст во патничкиот сообраќај во август 2019 година е еден од најбрзорастечките аеродроми во групата мали аеродроми со под 5 милиони патници годишно, веднаш по Ниш (61,1 отсто), а потоа следуваат Турку (60,3 отсто), Харков (+38 отсто), Задар (29,6 отсто) и Мемингерберг (+25,8 отсто), наведуваат од ACI.

Исто така, охридскиот аеродром е еден од 20-те аеродроми во светот со највисок пораст во патничкиот сообраќај во август 2019 година, разгледуван во 4-та група на ACI, каде што се следните аеродроми: Таргу Мурес (168,9 отсто), Таранто (163,6 отсто), Фогиа (105 отсто), Ниш (61,1 отсто) и Охрид (60,9 отсто).

„Извештајот за сообраќај на Меѓународниот совет на аеродроми – Европа уште еднаш ги рангира македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во својата категорија и во групата држави што не се дел од ЕУ. Ова ја покажува постојаната напорна работа и заложбите на ‘ТАВ Македонија’ и на ‘ТАВ аеродроми’ кон развој на мрежата на авиолинии на аеродромите во Скопје и Охрид, привлекувањето нови авиокомпании и промовирањето на Македонија како туристичка дестинација. Ќе продолжиме да го подобруваме и усовршуваме квалитетот на нашите услуги и да го одржуваме задоволството на патниците на високо ниво“, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Според статистиките за воздушен сообраќај на холдингот „ТАВ аеродроми“, двата македонски аеродрома – Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. апостол Павле“ – Охрид – ги завршија првите 9 месеци од 2019 година со над 2 милиона патници (2.052.829) и 13 отсто пораст на бројот на патници на годишно ниво, а за истиот период (јануари – септември) бројот на летови бележи пораст од 10 отсто, односно достигна 16.895 лета.

Според податоците за сообраќајот на патници, најфреквентни дестинации од Меѓународниот аеродром „Скопје“ во првите 9 месеци се Истанбул (двата аеродрома – „Истанбул“ и „Сабиха Гокчен“) со 9,9 отсто пазарен удел, Цирих (6,3 отсто), Виена (5,8 отсто), Базел (5,3 отсто), Малме (4,1 отсто). Во однос на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, „Визер“ има превезено најголем број од патниците во периодот јануари – септември 2019 година, со 62,2 отсто пазарен удел, а потоа следуваат „Туркиш ерлајнс“ (7,0 отсто), „Аустријан ерлајнс“ (5,8 отсто), „Германија флаг“ (4,0 отсто), „Пегасус ерлајнс“ (4,0 отсто), „Кроација ерлајнс“ (3,1 отсто).

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik