pretraga

kursna lista

BA

HR

RS

MK

EUR 117.4826
USD 106.0121
CHF 107.1237
GBP 137.4226
CAD 80.3025
HRK 15.7818
BAM 60.0679
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
06.11.2019.Makfax Macedonia

Недостигот од електрична енергија не се покрива од увоз

Недостигот од електрична енергија не се покрива од увозНедостигот од електрична енергија настанат поради исклучувањето на РЕК „Битола“, причинет од дефект во трафостаницата на МЕПСО, во целост се покрива од домашно производство, соопштија од компанијата.

Од таму појаснуваат дека електричната енергија за потребите на системот ја обезбедува и плаќа МЕПСО преку системски услуги предвидени за вакви ситуации.

Од таму велат дека за покривање на недостигот од електрична енергија не е увезен ниту еден мегават-час електрична енергија и дека ова нема да има никакви финансиски импликации врз цената на електричната енергија што ја плаќаат граѓаните.

Денеска, поради дефект на елемент од високонапонска опрема во трансформаторската станица „Битола 2“, регистрирана беше безнапонска состојба во 14.17 часот. Од тие причини автоматски дејствувала релејната заштита на трансформаторската станица и го исклучила РЕК „Битола“.

„По брзата реакција, екипите на МЕПСО успеаја во 14.43 часот да создадат услови за повторно вклучување на преносната мрежа на ‘РЕК Битола’, најголемиот производствен капацитет на електрична енергија“, велат од компанијата.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share