pretraga

kursna lista

BA

HR

RS

MK

EUR 117.4826
USD 106.0121
CHF 107.1237
GBP 137.4226
CAD 80.3025
HRK 15.7818
BAM 60.0679
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
07.11.2019.Makfax Macedonia

Македонските компании се подготвени за членството на земјата во НАТО

Македонските компании се подготвени за членството на земјата во НАТОМинистерот за економија, Крешник Бектеши, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец, вчера во Струмица се обрати на панел-дискусијата на тема „Македонската бизнис-заедница како партнер на НАТО“ во рамки на НАТО-карванот низ неколку града во државата.

Тој истакна дека Северна Македонија е на чекор пред членство во НАТО, а влезот во алијансата е важно не само од политички и безбедносен аспект, туку и од економски аспект.

„Најголемиот број од македонските компании се подготвени за членството на земјата во НАТО и ние како држава во континуитет преземаме мерки за да им го олесниме работењето, а со тоа да можат да бидат конкурентни и со компании од поразвиени држави, имајќи предвид дека најразвиените земји членуваат во НАТО. Убеден сум дека преку мерките што ги презема Владата, а кои се создадени заедно со стопанските комори и бизнис-заедницата, македонските компании ќе бидат конкурентни на странските пазари“, истакна министерот Бектеши.

Амбасадорот Јазбец  го пренесе искуството на неговата земја.

„Членството во НАТО значи зголемена сигурност, стабилност и од таа страна значи едно голема атрактивност за странски инвестиции. Со членството во НАТО земјата влегува во еден список на земји во кои е исплатливо да се инвестира. Тоа дава претпознатливост на земјите. Тоа дава една можност на компаниите да конкурираат за работа на НАТО-тендерите, на кои претходно не можеле, но тоа значи дека компаниите треба да се многу добро подготвени и да понудат квалитет и ефикасност. По правило и од искуство на државите кои влегоа во НАТО, во 2004 година од 10 до 30 проценти се зголемени странските инвестиции“, кажа тој.

На панел-дискусијата присуствуваше и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, како и претставници на бизнис-заедницата од Струмица. Настанот е во организација на Инфоцентарот за евро-атлантски интеграции.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share