„Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

Bez autora
Nov 13 2019

„Југохром“ додека не се стават филтрите нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово, зборувајќи за мерките против загадувањето. Тој нагласи дека сите досегашни мерки покажуваат дека постои заложба прашањето да се реши заеднички. Знаете дека некогаш е тешко и 500.000 евра или еден милион евра да определите. Определивме повеќе од 15 милиони евра буџетски пари, пари од државата за да можеме да успееме со резултатите секоја година, дел по дел, за да се успее во борбата против аерозагадувањето, истакна премиерот.

„Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите„Југохром“ додека не се стават филтрите нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово, зборувајќи за мерките против загадувањето.

Тој нагласи дека сите досегашни мерки покажуваат дека постои заложба прашањето да се реши заеднички.

„Знаете дека некогаш е тешко и 500.000 евра или еден милион евра да определите. Определивме повеќе од 15 милиони евра буџетски пари, пари од државата за да можеме да успееме со резултатите секоја година, дел по дел, за да се успее во борбата против аерозагадувањето“, истакна премиерот.

Тој изрази уверување дека во следните години ќе се покажат резултати во борбата против загадувањето.

„Знам дека граѓаните не очекуваат од утре решение, но сите овие чекори кои ги преземаме се сериозен импакт којшто го даваме во општеството и верувам дека годините кои доаѓаат пред нас ќе бидат успешни во борбата против аерозагадувањето“, рече Заев.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik