Месечен младински додаток од 3.000 денари за сите млади вработени во производна дејност

Bez autora
Nov 14 2019

Владата на седница гo утврди предлог-законот за младинскиот додаток, предложен од Министерстовото за труд и социјална политика. Со младинскиот додаток поттикнуваме вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование. На овој начин истовремено придонесуваме за подобрување на нивниот животен стандард и ги задоволуваме потребите на работодавците со соодветно квалификувана работна сила. Младинскиот додаток ќе биде во висина од 3.000 денари месечно и ќе им се исплаќа на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование, појаснуваат од Министерството.

Месечен младински додаток од 3.000 денари за сите млади вработени во производна дејностВладата на седница гo утврди предлог-законот за младинскиот додаток, предложен од Министерстовото за труд и социјална политика.

„Со младинскиот додаток поттикнуваме вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование. На овој начин истовремено придонесуваме за подобрување на нивниот животен стандард и ги задоволуваме потребите на работодавците со соодветно квалификувана работна сила. Младинскиот додаток ќе биде во висина од 3.000 денари месечно и ќе им се исплаќа на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование“, појаснуваат од Министерството.

Младински додаток може да користи младо лице што ги исполнува следните услови: е опфатено со задолжително социјално осигурување по основ на вработување кај работодавец или самовработување со претежна производствена дејност; е вработено во приватна агенција за вработување и е отстапено на работа кај работодавец со претежна производствена дејност или е опфатено во задолжително социјално осигурување како индвивидуален земјоделец.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik