Жените земјоделки ќе добијат неповратна финансиска поддршка од 3.000 евра

Bez autora
Nov 27 2019

Платежната агенција го објави Јавниот повик за доставување на барања за мерката „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за рурален развој за годинава.


Како што информираат од ресорното министерство, максималната финансиска поддршка е во износ од 180.000 денари или 3.000 евра во форма на грант.

„Оваа мерка за финансиска поддршка на жените земјоделки се воведе за првпат, а целта е да се подобри економската состојба на жените, да се зголеми бројот на регистрирани жени, а со тоа подеднакво да придонесат во развојот на земјоделството. Мерката за развивање во последната година, со што се создадоа услови за објавување на јавниот повик. Очекуваме да има голем интерес за оваа мерка “, изјави министерот за земјоделство, Трајан Димковски.

Крајниот рок за доставување на барањата е 26. декември годинава.

Корисници на оваа мерка можат да бидат земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik