Пуштена втората печка во „Фени индустри“

Bez autora
Nov 28 2019

Кавадаречкиот комбинат „Еуроникел индустри“ бележи една година успешно работење и реализација на инвестицискиот план. По тој повод компанијата синоќа во Скопје имаше свечен прием, а денеска свеченост во кругот на фабриката, каде што присуствуваа највисоките владини претставници, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, претставници на деловниот и финансискиот сектор, локалната заедница, вработени. Инвестицискиот циклус „Еуроникел индустри“ го заокружи со стартување на втората печка за топење никелова руда. Изминатава година во комбинатот се инвестирани над 80 милиони евра, а направена е дополнителна инвестицијата само во втората печка во износ од 15 милиони евра. Денеска сме навистина среќни и се гордееме што ги гледаме резултатите од нашата работа и што спроведовме една од најобемните странски инвестиции во земјата.

Пуштена втората печка во „Фени индустри“Кавадаречкиот комбинат „Еуроникел индустри“ бележи една година успешно работење и реализација на инвестицискиот план.

По тој повод компанијата синоќа во Скопје имаше свечен прием, а денеска свеченост во кругот на фабриката, каде што присуствуваа највисоките владини претставници, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, претставници на деловниот и финансискиот сектор, локалната заедница, вработени. Инвестицискиот циклус „Еуроникел индустри“ го заокружи со стартување на втората печка за топење никелова руда.

Изминатава година во комбинатот се инвестирани над 80 милиони евра, а направена е дополнителна инвестицијата само во втората печка во износ од 15 милиони евра.

„Денеска сме навистина среќни и се гордееме што ги гледаме резултатите од нашата работа и што спроведовме една од најобемните странски инвестиции во земјата. Сведоци сме на рекордно брза реализација на инвестицијата и за само една година ‘Еуроникел’ стана еден од најголемите извозници во државата. Комбинатот веќе е на пат и со крупни чекори се движиме кон подобро позиционирање на светските пазари од металуршката индустрија. Со тоа ги зголемуваме вредноста на компанијата и придонесот што го дава за заедницата, за градот Кавадарци, како и воопшто за државата во целост“, изјави Маркос Камхис, директор на матичната компанија на „Еуроникел“, ГСОЛ.

По спроведувањето на планот за реорганизација, „Еуроникел“ само со една линија постигна производни рекорди од речиси 1.500 тони никел месечно. Со активирање на втората печка оперативниот капацитет на “Еуроникел’ дополнително се зголемува, со што планираното производство в година е 20.000 тони никел годишно.

„Една година по влегувањето на ‘Еуроникел индустри’ во најобемниот инвестициски процес и денес со стартувањето на втората печка, ја почнуваме следната фаза од работата на комбинатот. Со проектираните планови се движиме кон рекордни резултати и тоа ќе го доведе ‘Еуроникел индустри’ на врвот на производители на фероникел во Европа. Со работата во изминатата година постигнавме многу, го зголемивме производството, кое во целост се извезува, бројот на вработени и со тоа директно влијаеме врз растот на БДП на земјата, а сето ова го постигнавме поддржани од поволната деловна клима, поддршка од институциите и позитивните политики за привлекување на странските инвеститори, а благодарение на нашиот инвеститор, инвестицискиот фонд ГСОЛ, како и на нашите вработени. Отсега, со подобрената работа, со зголемени капацитети и поддршката од сите наши стејкхолдери, очекуваме понатамошен позитивен тренд и резултати од активностите на ‘Еуроникел’“, изјави Герасим Кујунџиев, директор на „Еуроникел индустри“.

„Овој комбинат е клучен за овој регион затоа што вработува 1.000 наши сограѓани, кои егзистираат токму од работата во ‘Еуроникел индустри’, но и затоа што е столб во креирањето на домашниот бруто-производ и на некој начин е мотор на економскиот развој. Денес, ‘Еуроникел индустри’ е производител на висококвалитетен никел, кој успешно ги освојува пазарите во Европа, Азија и Америка. Тоа се пазарите на кои се извезува целокупното производство, со што компанијата се вбројува меѓу најголемите извозници од Северна Македонија. Од 624 милиони евра, вкупната вредноста на странските директни инвестиции, 80 милиони се тука во ‘Еуроникел индустри’“, истакна премиерот Зоран Заев.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев истакна: „Би сакал да кажам повеќе за иднината, а иднината е дека овој комбинат во моментот произведува 5 отсто од извозот во нашата држава, учествува во БДП на државата, а со новата инвестиција од 15 милиона евра во втора печка, ќе учествува уште повеќе и во БДП и во извозот и нормално ќе ѝ помогне и на државата во делот на подобрување на економските перформанси и параметри, генерално, на економијата, но и во општеството и во регионот. Не е значајна само за вработените и сопствениците. Значајна е за сите партнери што соработуваат, сите доставувачи, а тие се многубројни и од земјата, за среќа, но и од странство. Ви посакувам на сите многу убави години во иднина, многу успешна работа, посакувам да гледам среќни лица и посакувам многу успех не само на компанијата туку и на целиот регион, кој исклучително зависи од оваа компанија. Сè најдобро и многу среќа во иднина“.

Со своите производи никел и згура комбинатот е препознатлив по висококвалитетниот производ што го пласира на пазарите во Америка, Европа и Азија. Ги поседува сите најсовремени сертификати, производни, квалитативни, безбедносни и еколошки, со што може да пласира производ на сите пазари. „Еуроникел“ во моментот вработува околу 1.000 луѓе, а дополнително ангажира повеќе од 200 локални транспортни компании и има база на снабдувачи составена од повеќе од 1.000 домашни компании.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik